Студентски дом „Гоце Делчев“ / Георги Константиновски 1969

Локација: бул.„ Митрополит Теодосиј Гологанов“ б.б Скопје

Автор: Георги Константиновски

Година на проектирање: 1969

Изведба: 1973

Извор: Георги Константиновски, фотографии: Yomadic, Марија Алтипармакова

img301

Студентскиот дом „Гоце Делчев” е ремек дело на големиот македонски архитект Георги Константиновски.

Studentski-dom-Goce_4

Насоката на доцната модерна и постмодерна архитектура, денес препознаена како бруталистичка поради употребата на бетонот како конструктивно-естетска, ја прави оваа архитектура скулпторски вредна.

img303

Монументалното здание, своевремено студентски дом со огромен капацитет е замисла за студентски стандарди според сите човечки удобности и доблести.

img302

Домот е организиран во 4 блока со вкупно 1324 легла, организирани во неколку типа на соби.

img293

img296

img295

img297

Блоковите се распоредени на соодветно растојание, впишувајќи го симболот на бесконечност и формирајќи централен двор.  Атриумот е парцијално отворен, притоа докрај дефиниран преку снажни мостовски конектори помеѓу високоите кули.

img290-KONSTANTINOVSKI-Stud.dom

Во комплексот биле вклучени и рекреативните објекти, бина за свечености, бифе, занимални итн.

img299

img298

Единствен по многу работи, овој дом е вистинска гордост на македонската архитектура од храбрата постземјотресна обнова на Скопје.

img304

img307

img309

img310

Но, за македонската реалност да биде тврдокорна докрај оваа ретка реализација, денес се гуши во сопствениот заборав и пропаѓање поради несоодветно одржување.

Иако ветувањето дадено од властите ( реновирањето) се одвива навистина со слабо темпо, сепак ја поздравуваме неговата реализација и даваме апел за нејзиното успешно довршување.

img300

Овие години, проф. Константиновски често беше присутен со предавањето за овој објект, неговата оригинална замисла, ревидираната реализација, концептот. Неговата неспоредлива архива реши да ја сподели и со marh.mk,  дел од техничката документација за овој објект која е дел од оваа објава. Покрај нив, пристигнаа и фотографии од нашите читатели, а во блиска иднина најавуваме и официјална фотогалерија од МАРХ.

DSC_0057

DSC_0048

DSC_0045

 

 

Автор на статија: