Leave a comment...

Театарот во Скупи / II век

Период: Хадријан (II век од н.е)

Градители: Според фрагментите и остатоците на квалитетната архитектонска мермерна пластика откриенa во урнатините на театарот, се претпоставува дека сценската зграда ја украсиле врвни уметници од градот Рим.

Локација: Археолошки локалитет „Скупи“, Зајчев Рид – Скопје

Извори: Управа за заштита на културно наследство, build.mk/forum, mk.wikipedia.org, macedonium.org, arheo.com.mk, volanskopje.blogspot.mk

Едно од најзначајните археолошки откритија на територијата на Република Македонија, кое воедно претставува и врвно архитектонско дело е токму театарот во археолошкиот локалитет „Скупи“.

Со неговата масивност и доминантност лежи на југозападната страна на Зајчев рид, надвишувајќи го поголемиот дел од античкиот град.

osnova-skupi-250

Според сите пронајдоци, археолозите тврдат дека театарот датира од времето на Хадријан, одосно првата половина на вториот век од нашата ера. Точната година на неговото градење се претпоставува дека е 125 година, односно годината во која римскиот император ги посетил овие простори. Неговата раскош и големина наговестува на можноста, театарот да е изграден за да се направи чест на славниот и моќен император. Функционирал се до IV век, поточно 330 година.

rekonstrukcija

skupi-amfiteatarГраден е според тогашните римски архитектонски правила, поради кои припаѓа на римскиот тип театри. Според димензиите е најголем од четирите откриени на територијата на Македонија. Зафаќал 22.500m2 и во него можеле да се сместат меѓу 8-10 илјади гледачи (за споредба: повеќе од денешната скопска арена „Борис Трајковски“).

27013182354_364cbe2ec1_b

 

Театарот го сочинуваат театарска зграда, сцена или бина, оркестра и гледалиште. За градбата на гледалиштето била искористена природната падина на ридот, а за сцената и театарската зграда теренот бил нивелиран. Театарската зграда е долга 98m, широка 15m, а низ неа водат три ходници со радиус од 15m. Надворешниот раб на гледалиштето е повисок од 16m, колку што најверојатно била и висината на театарската зграда.

12115528_10205113522137166_2703343764969758178_n

Бината се издигала на два метра над оркестрата и била обложена со разнобојни плочи од мермер, темно зелен и кафеав шкрилец. Пред фасадата на театарската зграда и т.н. скена археолозите откриле парчиња на капители, бази, архитрави, довратници, покривни венци и други елемнети и украси со исклучително убава и богата орнаментика, чие уметничко и техничко ниво на изработка е на ниво на најпознатите дела од тоа време во останатите Римски метрополи.

12108758_10205113558618078_2604079824779848268_n

Бидејќи не се откриени остатци на бина се претпоставува дека театарските престави се одвивале во оркстрата која е во форма на неполн круг (пречник 15 m) карактеристичен за римскиот тип на театри. Гледалиштето (кавеа) лежи на коса падина. Седиштата му се потпирале врз сложена масивна структура од концентрични полукружни sидови, кои ја следат линијата на оркестрата. Горната половина на гледалиштето е формирана од два полукружни sида, поврзани со 24 sидови носачи, поврзани со сводови.

11427228_10204459426145175_8194116432653974502_n

1926885_10204459450745790_851128631369614180_n-1

Театарската зграда и фасадата на сцената биле богато и луксузно украсени со мермерни архитектонски елементи. Самиот театар служел главно за забава. Во него се играле трагедии, комедии и мимови, еден вид на пантомима. Има одредени индиректни показатели кои ни укажуваат на тоа дека можеби имало крвожедни борби на гладијатори, на животни и сл.

10641063_10204459392904344_3235628233470553599_n

Неговата монументалност зборува за театарот како објект со исклучително голема важност затоа што во тоа време во него се одвивал целокупниот културно-забавен живот во градот.

skupi-2014-fdsf

retka-statua-od-2-vek-otkriena-na-skupi-248376

12096604_10205113573458449_2050772621262679325_n

РЕКОНСТРУКЦИЈА

Археолошките истражувања на театарот во Скупи започнаа во август 2013 година, а завршија во јули 2015 година. Околу 200 луѓе беа ангажирани во ископувањата, а од нив 35 беа од стручни екипи. Учествуваа врвни професори, доктори, археолози, архитекти и студенти. Од управата за заштита на културно наследство нé информираат и уверуваат дека ги содржат сите потребни елементи за достојна реконструкција на театарот.

11392846_10204459433265353_6478769923288632076_n

Седиштата се уништени максимално, но неколкуте откриени се оригинални, протогени, изработени од травертин, какви што ќе бидат и ново изработените. Семициркуларните, радијалните коридори и субструкцијата на дијазомите се во добра состојба како и скената. Но за жал скената не е целосно откриена поради општинските гробишта во тој предел. Откриени се илјадници фрагменти и делови од коринтските капители, колонадата, базите, калоните, архитравите и венците од скената.

11215178_10204459419145000_2705700886399998458_n

Во идејната реконструкцијата се применети и студиите на Витрувиј, како и огромниот број типични римски театри од тоа време ширум Медитеранот. Во истата помогна и интерпретацијата на архитектонската камена пластика од сите откриени македонски театри.

285477-otkrieni-se-site-tajni-na-antichkiot-teatar-vo-skupi

amfiteatar-skupi-1

Материјалот го приложи и обработи: Антонио Грујевски

Share This:

Коментарите се затворени.