Leave a comment...

Телефонска говорница

Година: претпоставка е дека потекнува од  80тите или 90тите години на XX век

Автор: непознат

Локација: Скопје и Македонија

Локација на фото: АФС Скопје

Телефонските говорници, одамна не постојат, ниту се користат од појавата на мобилните телефони.  Во Скопје беа навистина распространети на секој плоштад,  раздвижени локации, пред позначајни институции, школи…

IMG_4403

Моделот на посочената говорница, освен во објектот на шалтер салата во Македонски пошти (доколку не настрадаа во пожарот), малку е познато каде може да се види. Овој модел, кој го содржи само кабинскиот дел, беше во употреба пред самостоечките говорници (сино-сиви). Истиот е составен од два дела, кои лесно се монтираат еден на друг, а потоа се прикачуваат на вертикала или ѕид. Овозможуваат лесен пристап во внатрешноста, која создава микро звучен простор, каде дизајнот лесно овозможува да се изолирате од надворешните звуци а полесно да се слушнете себе си и соговорникот. Покрај тоа имате доволно простор под телефонскиот апарат, да оставите паричник, именик, визит картички, ранец и сл. Во случај на атмосверски неповолности ( дожд), секако може парцијално да ве заштити.

IMG_4399

Во говорницата не е оригиналниот телефонски апарат, за кој се користеа монети или жетони, туку последниот апарат, кога веќе беа во употреба чипираните картички.

IMG_4404

Интересен дизајн, кој го документиравме со цел негово фото архивирање. Колку сме свесни за колекционирање на дизајнот кој одминува е едно од многуте  прашањa за категоријата СТАВ 🙂

Фото: Борис Јурмовски

Ф.К

 

Share This:

Коментарите се затворени.