АРХИ.ТЕК – студентско списание за архитектура

Пред речиси половина година, на Архитектонскиот Факултет се појави еден нов ентитет со амбициозна намера: Да го промени начинот на кој студентите размислуваат за архитектурата. Списанието АРХИ.ТЕК, кое е старо само четири броја, започнува бран на литературна активност на факултетотот за архитектура која навидум е заборавена. Според SCImago Journal & Country Rank , Архитектонскиот Факултет бил еден од најплодните установи во Македонија во домен на издавањето на стручна литература во втората половина на минатиот век. Oвој производ на потребата разговорот за архитектурата започнува од Владо Данаилов и Мила Димитровска. Во продолжение прочитајте повеќе за нивната визија:

arhitek_001_pomegju-1

МАРХ: Од каде отпочна АРХИ.ТЕК?

АРХИ.ТЕК: Одамна разговаравме дека недостасува медиум преку кој дебатата за архитектурата ќе излезе од ѕидовите на Архитектонскиот Факултет. Како една од целите на ова списание е да ја вметнеме архитектурата во различни рамки. Тоа значи таа да ја изнесеме на различно толкување, кое вклучува луѓе кои немаат ништо заедничко со архитектурата. АРХИ.ТЕК не е замислено како информативен печат, туку место каде ќе се постават прашањата што се релевантни за архитектите денес.Во тој дух, темите кои се обработуваат се секогаш гранични, односно се секогаш во допир со другите сфери на културниот живот и варираат од литература, преку музика дури и до политика.

arhitek_002_arhitektura na sekojdnevnoto (1)-2

arhitek_002_arhitektura na sekojdnevnoto (1)-1

За пример можеме да го земеме третиот број на ова списание, каде беше преведен есеј од Пјер Виторио Аурели и Мартино Тамара , именуван како „Производство/Репродукција: Домување пошироко од семејството. Овде можеме да препознаеме јасен политички и социолошки став кон начинот на живот:

arhitek_003_proizvodstvo_reprodukcija (1)-2

arhitek_003_proizvodstvo_reprodukcija (1)-1

„Покрај тоа што едноставно дава прибежиште, куќата отсекогаш имала за цел да овозможува непречен соживот со кој луѓето ќе можат да се репродуцираат. Ете зошто фамилијата станува субјектот на куќата. Поимот фамилија потекнува од латинскиот збори familia , што значи „слугински“. Така, куќата е собиралиште на famuli, односно слугински лица чии животи и се посветени на репродукцијата. Ако во античкиот oikos тие лица биле жени и робје, во денешно време слугинскиот субјективитет на куќата опстојува во многуте облици на домашниот труд кои се и понатаму потребни за да се одржува домаќинството.“

03

При дискусијата со уредниците на ова ново присуство во интелектуалниот живот на студентите се наметна едно од поважните прашања, кое не смееше да помине неодговорено.

МАРХ: Како мислите дека влијае АРХИ.ТЕК?

АРХИ.ТЕК: Едно од посакуваните влијанија е да се ослободи студентот од стандардните размислувања за тоа што го учи преку годината. Сакаме овој простор што го отвараме да биде место што студентите ќе го освојат со сопствена содржина. Сакаме да иницираме дискусија која ќе излезе од школскиот курикулум. Студентите се премалку активни, портфолијата се полни единствено со проектите што се работат во рамки на студиото и повремени конкурси. Сметаме дека е потребна континуирана нега на знаењето за архитектурата и општеството како целина. Гледаме дека има потреба за разговор за архитектурата и ние нудиме место каде тој разговор може да земе место.

arhitek_004_recikliran grad bb-1

arhitek_004_recikliran grad bb-2

Како формат во кој се изразува АРХИ.ТЕК се вклучуваат сите можни графички начини на комуникација, дали тоа бил цртеж со одредена порака кон тековната тема или пак краток есеј кој искажува одреден став кон проблем што го засега архитектот како мислител. Ова списание дава акцент на не-професионалниот стил на пишување, кој ги охрабрува авторите да се изразуваат со стандарден жаргон.

02

Тука гледаме и простор да ја промовираме и темата на идниот број на АРХИ.ТЕК која гласи: Скопје 2063 | цели за иднината. Ова претставува јавен повик на секој заинтересиран да прати текст или цртеж на дадената тема. Петтиот број на АРХИ.ТЕК ќе биде издаден во Септември, во синхронизација со почетокот на зимскиот семестар.

Материјалот го приложи и обработи: Љубен Трајаноски

Автор на статија: