Асоцијацијата на архитекти на Македонија бара ревизија на „Скопје 2014“

Претседателот на ААМ, архитект Мартин Пановски, во интервју со телевизиската куќа DW ја истакна потребата од ревизија на проектот „Скопје 2014“. Тоа би значело сеопфатна анализа од повеќе аспекти бидејќи во проектот се вложени многу средства.

Меѓу другото, Пановски говори и за она што е погубно во проектот, а што наметна нова пракса во Македонија на непочитување на процедурите  и нивно адаптирање по сопствената желба.

Валоризацијата на она што е направено и колку чини, треба да даде точни информации колку е вистинската вредност на објектите  а колку е навистина потрошено, што од тоа треба да се задржи а што прогласи за непотребно итн.

Целото интервју можете да го проследите во целост тука >>>

Насловно фото >>>