Во тек се подготовките за одлична изложба – „Херои за еден ден“

Наслов: Херои за еден ден, Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје

Свечено отворање : 27.06.2016, понеделник,

Локација: МОБ-Македонска опера и балет, Бул. Гоце Делчев 4, Скопјe

19:00 / Вовед од архитект Богдан Спиндлер (Биро 71, Љубљана)
20:00 / Официјално отворање
21:00 / Модна ревија од LUDUS (македонски бренд за современа мода)

Денови на изложба: 27.06.2016 – 14.07.2016

Куратори: Нада Прља и Даниел Серафимовски:

Учесници и сооработници: Виолета Бакалчев / Минас Бакалчев (архитекти), Иван Блажев (фотограф), фамилија Ислам, Мартин Гулески (архитект), Јован Ивановски / Владимир Десков / Ана Ивановска-Дескова (архитекти), Влатко П. Коробар (архитект), Зоран Петровски (куратор), Душан Перчинков (уметник), Илија Прокопиев (уметник), Андријана Тилиќ (фотограф), Никола Узуновски (уметник), Митко Хаџи-Пуља (архитект), Берт Стаин (писател), Драган Христов (моден дизајнер), Јане Чаловски (уметник)

13435474_532471283603604_247301732497484281_n

„SIA Gallery“ ве поканува на отворањето на изложбата и промоција на книгата „Херои за еден ден – Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“

Изложбата одново ги согледува делата на трите словенечки автори/бироа, чии градби во Скопје станаа клучни обележја дефинирајќи „градови во градот“:

-МОБ – Македонската опера и балет како дел на Културниот Центар на Биро 71 (изградена 1972-’81),

-УКИМ – Универзитетскиот центар „Свети Кирил и Методиј“ на Марко Мушич (изграден 1970-’74)

-ПМФ – Природно-математичкиот факултет на Едвард Равникар (изграден 1949-’51).

13344692_530789150438484_4971881342337100093_n

Иницијатори и креативни директори на изложбата и на публикацијата се архитектот Даниел Серафимовски и уметницата Нада Прља, основачи на независната културна агенција и галерија „SIA“ од Скопје.

13434762_534157606768305_4244330408946789542_nИзложбата и публикацијата сe овозможени од амбасадата на Република Словенија во Скопје. Изложбата е дел од прославата на словенечкиот национален ден и на 25-те години независност на Република Словенија и е во рамките на Скопско лето 2016.

13427860_532601796923886_364930040676481928_n

Објавата и фотографиите се превземени од изворот: „SIA“

>>> facebook event <<<