Годишна изложба на студентите при UACS 2016/2017


Вчера во 20 часот, се отвори 8-та по ред годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS). Карактеристично за овогодинешната изложба е тоа што истата се одржува во ,,Чифте Амам’’ по повод 10 години постоење на ФАД во соработка со Националната галерија на Македонија.

ФАД е единствен факултет во Македонија каде што на крајот на академската година се одржува годишна изложба. На неа се претставуваат најзначајните студентски достигнувања како резултат на реализација на наставната програма од тековната година. Оваа изложба е важна размена на искуства за студентите од различните години на студирање како и нивната промоција пред истакнати архитекти од Македонија и пред целокупната јавност.

Изложбата може да се посети и во останатите денови од неделата.

Материјалот го приложи и обработи: Антонио Грујевски

Фотографии: Борис Јурмовски, (насловно фото) Владимир Десков

 

Автор на статија:

/ /