„ДАМЛА“ НА ФДУ

Почнувајќи од 25ти Февруари, Факултетот за драмски уметности, ќе биде домаќин на тридневен настан наменет симболички да одбележи една година помината од крајот на Автономната Зона, а со тоа и почетокот на соработката помеѓу студентите. „ДАМЛА“ е организиран од студентите на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за музичка уметност и Архитектонскиот факултет.

Овие три дена ќе бидат исполнети со богата културно – образовна програма која претставува прво официјално изложување на сите уметнички факултети на едно место. Освен посебни излагање на сите од споменатите факултети, ќе проследиме и предавања од професори, работилници, дискусии и музички настани.

Целта на настанот е акцентирање на важноста за соработка на студентите, како и иницирање на дружба која се надеваме дека ќе прерасне во прекрасна традиција.

Во текот на овие три дена ќе бидат поставени кутии за донации кои ќе бидат наменети за овозможување на понатамошна соработка помеѓу студентите и реализација на повеќе настани од овој карактер.

12745824_964528740269168_7318791605892992207_n

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

Автор на статија: