Двокуќа на Водно / Георги Константиновски 1972

Локација: Водно, Скопје

Автор: Георги Константиновски

Година на проектирање: 1972

Технички прилози:  Студентите на УАКС: Костова Кристина, Ристова Софија

Доработка на техничките прилози и фотографии: Грујевски Антонио

Model

Ситуација @МАРХ

Двокуќата проектирана од страна на познатиот македонски архитект Георги Константиновски се наоѓа во долната зона од падините на планината Водно. Со  модернистичка форма и концепција во која преовладува бетонот како главен материјал во надворешното изразување, таа се издвојува од останатите куќи од тоа време.

dsc_0360

@МАРХ

Константиновски ја проектира во 1972 година за свој близок пријател, односно за семејствата Спировски и Салески. За жал, проектот на Константиновски не е реализиран во целост, односно при изведбата се направени одредени измени врз неговите првични нацрти.

Model

Перспектива според оригиналната идеја на Константиновски @МАРХ

Како и сите останати куќи на Водно, главната ориентација поради добрите визури кон градот е насочена кон север. Парцелата за градба е доста тесна така што куќата била прилично тешка за решавање. Куќата излегува на споредна улица, а во должина се развива паралелно со изохипсите на теренот.

Model

Генеза на форма @МАРХ

До внатрешноста на куќата може да се пристапи преку два влеза: главен влез и влез преку подрумот. Од подрумот почнуваат вертикалните комуникации, односно двокраките скали кои водат до приземјето.

Model

 Функционална анализа @МАРХ

Model

Циркулација @МАРХ

Пристапот до главниот влез е решен со широки скали со блага висина кои обезбедуваат најкратка врска до дневната соба и кујната.

Model

@МАРХ

– Приземјето е решено така што, на северната страна, поради добрите визури е лоцирана голема дневна соба која излегува на просторна тераса и има убав поглед кон градот. На јужниот дел се наоѓаат трпезаријата и кујната кои се одделени со ѕид. Тука се наоѓаат две тераси со поглед кон ридот (денеска тотално блокиран од новоизградениот соседен објект), од кои пристапот до едната е преку трпезаријата, а до другата преку кујната.

Model

@МАРХ

Прозорците во овој дел овозможуваат продор на природна јужна светлина. Исто така во куќата има остава и гостинско WC. Собата за дневен престој заедно со другите содржини имаат пријатен амбиент за живеење. Објектот има високо приземје.

Model

@МАРХ

– На првиот кат е сместена тивката, односно ноќната зона. Тука се наоѓа родителската спална соба и уште 2 детски соби. За спалната соба е предвидена посебна бања, а за детските соби е предвидено заедничко WC. Спалната соба излегува на тераса.

Model

@МАРХ

– Вториот кат пак е организиран така што во Северниот дел е предвидена голема просторна тераса со извонреден поглед кон панорамата на градот, додека на јужната страна има помошни содржини и една просторија за хоби.

dsc_0354

@МАРХ

Врз основа на оригиналните нацрти на Георги Константиновски, МАРХ  создаде дигитална верзија на истите,  со цел да се зачуваат како дел од Македонското архитектонско наследство. Една од главните идеи на МАРХ е да создаде нет архива која ќе ги направи  достапни информациите за македонската архитектура  со цел запознавање на македонската јавност со истата, популаризирање на струката и влијание на општото мнение за неа.

dsc_0361

@МАРХ

dsc_0362@МАРХ

dsc_0351

@МАРХ

Материјалот го приложи и обработи: Антонио Грујевски

Автор на статија: