Денес – Проектот „Рециклиран град“ и предавање на д-р Мицковски

Денес, од настаните на Бимас 2016 ви го најавуваме  проектот „Рециклиран град“ и предавањето насловено како„Трансформација на индустрискиот простор во Скопје“ – Архитект д-р Горан Мицковски.

Во овој настан, на особена чест на МАРХ, бевме официјално поканети од страна на ААМ и организациониот одбор и покрај тоа што не сме архитектонско биро, да придонесеме со изложба, на што позитивно одговоривме.

Nalovna BImas 2016

Проектот „Рециклиран град“ е замислен како мрежа од мали архитектонско – артистички интервенции на разни локации во Скопје, дело на 8 повикани архитекти и архитектонски бироа. Интервенциите се наоѓаат на места кои се трансформирани или имаат потенцијал за трансформација во контекст на главната тема на БИМАС 2016. Во рамки на проектот е предвидена автобуска тура за заинтересираните посетители на биеналето која ќе ги посети локациите на овие интервенции каде ќе има и куса презентација на авторите на истите. Автобуската тура стартува од Музеј на град Скопје во сабота на 21ви мај во 16:00 часот

16:00 – 16:30
Б. КРЦКОВСКА – ИЗЛОЖБА „ЕВОКАТИВНИ СЛОЕВИ“ – МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
16:30 – 17:00
АРХИПУНКТ – Н. МАНЧЕВА И М. АНТИЌ НИКОЛОВА – ПАРКИНГ ПРОСТОР ПРЕД ТИНЕКС (УЛ. ПЕРО НАКОВ)
17:00 – 17:30
Д. ИВАНОВСКИ И Ф. ЈОВАНОВСКИ – „ФАРЕНХАЈТ СКОПЈЕ“ – ПРОТИВПОЖАРНА ТРЕНИНГ КУЛА
17:30 – 18:00
МАРХ – Ф. КОНЕСКИ, Б. ЈУРМОВСКИ, М. ЕФРЕМОВСКИ, Н. ЧАУСИДИС, С. СТОЈАНОСКА, М. КРСТЕВСКА, А. ГРУЈЕВСКИ – ИЗЛОЖБА „НЕВИДЛИВ УРБАНИЗАМ“ – ГАЛЕРИЈА САС
18:00 – 18:30
РАДИУС АРХИТЕКТИ, РЕСТОРАН „ЕЗЕРЦЕ“, ГРАДСКИ ПАРК
18:30 – 19:00
ЕГЗИБИТ-СКОПЈЕ – ВО РЕЖИЈА НА ГРАДОТ, ЗГРАДА НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ
19:00 – 19:30
К. НИКОЛОВ – ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „LAYER CAKE“, ХАЛА „МЕХАНИКА“
19:30 – 20:00
М. НАУМОВСКИ И О. ИЛИЕВСКИ – ПРОГРАМСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ХАЛА „МЕХАНИКА“

13260133_2017684235122764_2436604512714022063_n

И покрај незгодните временски услови, се надеваме на посета на овие вонредно интересни настани. Следете ги на нивните официјални fb events:

1 – проектот „Рециклиран град“

2 – „Трансформација на индустрискиот простор во Скопје“

или симнете  го визуелниот распоред на сите настани деновиве:

raspored na slucuvanja na Bimas 2016

 

Ф.К

Автор на статија: