Доделување на наградата „Андреја Дамјанов“ – 1 новември 2017 МСУ

Почитувани колеги,

 Асоцијација на архитекти на Македонија ја има таа чест да Ве покани на свечено доделување на наградата Андреја Дамјанов за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 год. 

Манифестацијата ќе се одржи во Музеј на современа уметност – Скопје

на  01.11.2017 год. среда во 20ч.

Петчлената комисија во состав: Радован Раѓеновиќ, д.и.а.(претседател), д-р проф.Михаил Токарев д.и.а., д-р проф.Елизабета Касапова, д.и.а., Мишо Арсов, д.и.а.  и Иван Арсовски, д.и.а., одлучи наградата за животно дело Андреја Дамјанов за 2017 година да ја додели на архитект Билјана Филиповска.

Особена чест ќе ни биде и Вие ако присуствувате на овој свечен настан кој се одржува во континуитет 28 години наназад.  

 

20:00

Поздравен говор на г-дин Мартин Пановскипретседател на ААМ

Поздравен говор на г-дин Трифун Костовскипочесен член на Академијата на архитекти на ААМ

Поздравен говор на ѓ-ѓа Мира Гаќинадиректор на Музеј на современа уметност

Обраќање на претседателот на жири комисијата г-дин Радован Раѓеновиќчлен на Академијата на архитекти на ААМ

Обраќање на добитникот на наградата за животно дело Андреја Дамјанов за 2017 година ѓ-ѓа Билјана Филиповска

20:40

Изложба

Коктел

 

Претседател на УО на ААМ

 Мартин Пановски, диа


Асоцијација на архитекти на Македонија 
Association of architects of Macedonia