Драган Крстевски на TEDx во Лондон

TEDx (Technology, Entertainment, Design) конференциите се интернационално актуелни и познати, водени под слоганот „Ideas worth spreading . Се одржуваат секоја година на повеќе места низ светот, меѓутоа главната се случува во Ванкувер, Британска Колумбија. Оваа година, на собирот во Лондон ќе говори и еден македонец.

Драган Крстевски е млад македонски архитект од Скопје, кој работи во Лондон. По дипломирањето се вработува  во Gensler (London) , додека во моментов работи во  Make Architects (London).  На конференцијата ќе се престави со говор посветен на компаративната паралела меѓу Скопје и Лондон, тековната ситуација на домашната сцена каде е присутно мешањето на минатото во иднината.  Говорот под наслов: “Rewinding Architecture”  ќе биде достапен да се следи во живо на youtube каналот на TEDx.

Драган, матурира на тема поврзана со урбанистичкиот план на постземјотресно Скопје од Кензо Танге, додека дипломира со проект за Архитектонски центар во Скопје. Во моментов работи на магистерскиот труд посветен на одржливите градови. Учевствува на повеќе конференции и работилници.  Познат меѓу колегите по надимакот- Гаго, а на пошироката јавност како еден од основачите на „Прва Архи-бригада”.

вчерашната најавa на facebook:

Драган Крстевски на TEDex-facebook

Автор на статија: