Ентериер на стан ОН1 / Поповска

Локација: Скопје

Година на проектирање: 2014

Година на изведба: 2014/2015

Автор: Маргарита Поповска

Фотографии: Васе Аманито Петровски

Контакт: popovska.margarita@gmail.com

3

Станот се наоѓа во Професорската зграда, која е заштитена како архитектонски споменик од Модерната, и која поседува силни карактеристики од функционален и обликовен аспект.

 

Model

 

Model

Во таа смисла направено е минимално репроектирање во однос на организацијата, според потребите што ги наложува современото живеење, а тоа подразбира комплетно отворање на просторот за дневен престој, односно спојување на дневната соба, трпезаријата, кујната и оставата во единствен простор, и пристапување кон истиот од еден влез, како и инкорпорирање на невидливо утилити во аголот на кујната, но со пристап од ходникот.

7

Големите прозорски отвори, ситноребрестата конструкција (оставена видлива во кујната), висината од 3м, и некои естетски елементи како фиксниот стаклен портал меѓу ходникот и трпезаријата (сега преработен во современ манир), беа инспирација за обликувањето односно изборот на стилот, материјали и производи.

2

Подовите се она што во голема мера го дефинира овој ентериер. Допирот меѓу рачно изработениот паркет во француски стил со мозаик плочките и подот од смола во боја во бањата, преминот на паркетот од трпезаријата кон кујната, се само дел од деталите…

5

6

4

9

8

10

Ф.К

Автор на статија: