Конкурс за идејно решение за отворен пливачки базен

Агенцијата за млади и спорт распишува конкурс за избор на идејно решение за отворен пливачки базен. Од тоа што е достапно за нерегестрираните корисници на електронскиот с-м за јавни набавки, не е видлива информацијата дали конкурсот е наменет за една конкретна локација или е типски базен.

Битна  информација е дека се бара доказ за вршење на дејноста:

“Способност за вршење на професионална дејност
За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Документ за регистрирана дејност (ДРД образец) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка;
– Лиценца „Б“ за проектирање на градби од втора категорија издадена од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија, согласно Закон за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2013 – Пречистен текст и бр.79/2013, 137/2013,163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014 44/2015 и 129/2015), а доколку се работи за странски понудувач се доставува Потврда дека може да проектира градби од втора категорија, издадена од соодветен орган на државната управа надлежен за вршење на работите од уредување на просторот на Република Македонија, согласно член 42 од Законот за градење, како доказ за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишана во соглaсност со закон кои се однесуваат на предметот на договорот. ”

 

Други појдовни  корисни информации:

*Критериуми за вреднување на проектите

– Функционалност и применливост
– Иновативен пристап и оригиналност на идеата
– Економичност на изведбата
– Изводливост на објектот
– Одржливост на комплексот
– Енергетска ефикасност

*Членови на комисијата за избор се:

Сашко Поповски
Александар Коцевски
Бошко Лепчески
Ѓорѓија Симоновски
Александар Радевски

*Награди:

1. Прва награда – 40.000,00 денари во нето износ

2. Втора награда – 15.000,00 денари во нето износ

3. Трета награда – 10.000,00 денари во нето износ

Плановите или проектите да се достават најдоцна до 25.01.2016  до 12 часот, во просторитте на агенцијата за млади и спорт на Ул.„Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.

*Повеќе информации и деталниот бриф:

Лице за контакт: Бошко Лепчески

Адреса на е-пошта: bosko@ams.gov.mk

Телефон/Факс: 3296006/02 3 117693

 

 

 

Автор на статија: