Конкурс за реконструкција на музејската поставка во Кинотека на Македонија

Кинотеката на Македонија распиша конкурс за идејно решение за реконципирање на постојаната музејска поставка во Кинотека на Македонија.
Целокупниот простор предвиден за изложбената поставка во функција на Кинотеката на Македонија, треба да има културолошки и едукативен аспект претставувајќи ја кинематографијата и нејзините составни чинители, односно да се претстави севкупната слика за развојот на македонската кинематографија, со посебен акцент на продуцентската компанија  „Вардар филм“.

IMG_20150503_175842

IMG_20150503_175822
Функционалната поделба на просторот треба да овозможи повеќенаменско користење, односно претставување на содржините на светската и, пред се, на македонската кинематографија по периоди.
Тендерската документација е на линкот подолу, а сите дополнителни информации, заинтересираните можат да ги добијат во просториите на Кинотека на Македонија.

Тендерска документација

IMG_20150503_175950

IMG_20150503_180228

превземено од официјалната страна на Кинотека на Македонија

http://www.maccinema.com/

Автор на статија: