Конкурс за Универзитетски кампус „Мајка Тереза“

Нарачувач на Конкурсот е Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, основан со Закон за основање на Универзитет Мајка Тереза во Скопје (“Службен весник на Република Македонија” бр.226 од Декември 25, 2015), донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 24 Декември 2015 година.

Универзитетот Мајка Тереза во Скопје ќе нуди образование за технички и општествени науки, преку своите пет (5) факултети:

  1. Факултет за градежништво и архитектура – (Архитектура и дизајн, Градежништво, Геодезија и геоинформатика) – 190 студенти
  2. Факултет за технолошки науки – (Инженерство на материјали и нано- технологија, Прехранбена технологија) – 100 студенти
  3. Факултет за информатика – (Информатика – програмирање, Информатика наставна) – 280 студенти
  4. Факултет за технички науки – (Електроенергетски системи, Машинско Инженерство и менаџмент, Комуникација и транспортно инженерство, Мехатроника, Применета економија и претприемништво, Инженерство за заштита на работна и животна средина) – 370 студенти
  5. Факултет за социјални науки – (Социјална работа и политика, Медиуми и интеркултурна комуникација, Спорт и спортски науки, Јавна администрација и менаџмент на човечки ресурси, Политички студии) – 510 студенти

Целта на конкурсот е избор на најдобро идејно архитектонско-урбанистичко решение и за истото се предвидени следните награди и откупи:

– Прва награда – 600.000,00 денари;

– Втора награда — 500.000,00 денари;

– Трета награда – 400.000,00 денари;

– Прв откуп – 50.000,00 денари;

– Втор откуп – 50.000,00 денари.

Рокот за доставување на трудовите е 2. 10. 2017 или вкупно 40 дена од распишувањето на конкурсот, што е несериозна временска рамка која за ваква програма треба да предвиди најмалку 3 месеци за истото.

Извор >>>