МАРХ доделува БЛАГОДАРНИЦА на ААМ

МАРХ ( Македонска архитектура) по повод својот прв роденден, доделува БЛАГОДАРНИЦА на ААМ (Асоцијација на архитекти на Македонија),  за искажаната поддршка и остварената соработка од основањето на МАРХ до првиот роденден.

ААМ безрезервно ја поддржа мисијата на МАРХ, помагајќи ја со материјали за објава, информации и совети.

Благодарница МАРХ за ААМ 2015Покрај заедничката соработка, МАРХ смета дека претседавањето на арх. Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, останатите членови и раководство, вистински и професионално се борат за достоинството на професијата, притоа недозволувајќи и на тешката финансиска, материјална и логистичка состојба на организацијата да и наштети на нејзиното функционирање. ААМ е единствената страна која не застана во безкомпромисната борба – отворено да се презентираат реалните проблеми во сферата, гласно и без калкулации.

МАРХ благодари за соработката, иницира истата да опстои. Во иднина и посочува на фелата, вистински да се здружи преку ААМ во борба за достојноста на професијата.

Уште еднаш, честитаме на ААМ за заслужената благодарница!

Секому добро!

МАРХ

24.11.2015

Автор на статија: