Марх наскоро со нови соработници :)

По успешно завршениот повик за соработници на „Македонска АРХитектура”, се разгледуваа апликациите од заинтересираните. МАРХ изразува задоволство од истите и воедно споделува радост за нивната бројност, успешно разбраната мисија и вистинската иницијативност.

За жал, поради ограничените временски, материјални и технички средства, МАРХ ќе одбере одреден број на соработници, како би биле во можност за вистинска координација.  Останатите ќе ги охрабриме и понатаму да не подржуваат, и да останат неофицијално соработници. Мисијата на МАРХ од почетокот беше да ги анимира сите заинтересирани кои сакаат да споделат материјал, статија, став, проект, концепт, размислување, притоа секогаш истакнувајќи го изворот и нивното име.

Таа порака и повик остануваат и понатаму како мисија на МАРХ.

Од избраните соработници  очекуваме искреност, чувство за заедништво, храброст во ставот, почит кон колегите, професионалност но и пријателство, како мисијата би била пропратена со позитивна енергија, која е клучна да се издржи во време на разрушени вредности во општеството поврзани со струката.

Деновиве очекувајте известување на вашата меил адреса од резултатите и следните чекори.

Секому добро!

МАРХ

Автор на статија: