„Облакодери во Скопје”

Во последните години, сведоци сме на нова силуета во градот, нови визуелни маркери. Тоа се облакодерите кои се во изградба во општина Аеродром, во изведба на турските инвеститори.

Проектот носи наслов „Sky city”, композиција од четири облакодери близнаци со  по 40 ката, висина од 135 м и  трговски центар помеѓу нив.

Спeцифично за нив е што се темелени на 30 метри под нулта кота, на принцип на колови, а  постојат само две корисни нивоа под земја.  Карактеристично кај вакви објекти е секогаш големата спратност под земја која често достигнува до 1/4 од висината над земја, што значи и зголемување на вкупната тежина на објектот и неговото чинење. За облакодерите во Аеродром, шпекулативно се зборуваше  дека се темелени на принцип на кој се градат облакодерите во Дубаи. Тоа зборува за градежната спремност на инвеститорот, но веројатно зборува и за составот на почвата, кој можеби и не е најпогоден за ваков тип на градби, за кое говореше и професорот во пензија од градежен факултет Апостол Поцевски.

Во продолжение,  фотогалерија од облакодерите:

Облакодери во Аеродром-Скопје_МАРХ 2

Облакодери во Аеродром-Скопје_МАРХ 1

P1640935

P1640928

P1640982

Облакодери во Аеродром-Скопје_МАРХ 10

P1640923

Облакодери во Аеродром-Скопје_МАРХ 8

P1640957

P1640991

P1640984

P1640937

Облакодери во Аеродром-Скопје_МАРХ 6

Облакодери во Аеродром-Скопје_МАРХ 11

Облакодери во Аеродром-Скопје_МАРХ 5Автор на фотографии:  Филип Конески

 

 

 

Автор на статија: