Облакодер на XXI век – конкурсен труд / група автори 2014/15

Интернационален конкурс: eVolo  SKYSCRAPERS 2015

Тема: Облакодер на XXI век ( утописка замисла за иднината)

Локација: Негде по планините

Автори: Филип Конески, Стефанија Тодоровска, Борко Георгиев, Павлинка Атанасова

Година на проектирање: 2014/2015

Наградата на архитектонскиот магазин-eVolo е основана во 2006 година, со цел да ги промовира и награди храбрите идеи за живот и работа во вертикала. Од тогаш,  до денес пристигнати се повеќе од 6.000 проекти кои ја предвидуваат иднината  на облакодерите. Овие идеи, преку употреба на технологија, материјали, програми, естетика и просторни организации,  го оспоруваат начинот на кој ние ја разбираме вертикалната архитектура и нејзиниот однос со природата и изградените средини.

Оваа година, на натпреварот учествуваше и тим од Македонија. Проектот не е награден но е интересен поради склопувањето на искуствата и идеите од продолжената изборна настава за „Облакодери” од студиите на Архитектонскиот Факултет.

Идејата е да се прати порака за XXI век, на висока технологија и поврзување со природата во нејзините најсурови точки,  помирување и зближување со космосот, од кој природен дел сме и ние.

0393-1 variation

Оргиналното конкурсно образложение во продолжение:

Одсекогаш погледот на човекот е насочен кон небото, од раѓањето до неговото заминување од планетата. Некој таму го бара Бог, некој очекува да најде поинаков облик на живот, друг бара замена за земјата . Колку подалеку се обидуваме да видиме, толку подлабоки прашања си поставуваме на себе. Потрагата е неминовна во човековиот живот.

XXI век треба да е век на себе освестување и трагање по суштината на одговорите на поставените прашања.

Од далеку сликата е појасна. Најдалеку од тлото, најблиску до небото сме на планините (локација), таму сме еден на еден со природата, таму урбаното е ограничено со нашата интервенција (највисоката човечка структура –облакодерите)

Самото име- облакодер ( skyscraper) метафорично го појаснува значењето-идејата за неговото постоење, т.е допир со небото. Физички невозможно, бидејќи небото е недефиниран бескрај.

Најдалеку посегнуваме со нашиот поглед. За среќа технологијата може да допринесе со нејзиниот развој. Нашите вродени способности се нултата од која поаѓаме, бескрајниот плус е погледот преку телескопот, бескрајниот минус е микроспот, ние на среде ним. ( небо- облакодер-земја).

Физички и природно припаѓаме на земјата, облакодерот исто така. За метафората да добие свое значење идеално би било облакодерот да лебди, како би ја истакнал својата позиција, на среде ним.

илустрација Филип Конески- Стафанија Тодоровска-Борко георгиев-Павлинка Атанасова

Тука нашата интервенција пристапува поетично, делејќи ја припадноста на три. Две третини се за внатрешниот и надворешниот поглед (невидливи за голото око) , додека едната третина сме ние и нашиот стремеж кон бескрајот (физички присутни). Таа третина е видлива ,создава илузија на лебдечка структура која што дејствува сама за себе. Отсечена од тлото, поврзана со небото. Како таква, оваа  позиција е тешко достапна за надворешниот свет пред се заради планиниските предели во кои е лоцирана, но и поради визуелниот ефект. Поставувањето на жичарница во срцето на оваа структура е пристапен линк. Во супер технолошката иднина оваа „жичарница” може да биде во поинаков облик -транспорт во туба(вакум ефект), меѓутоа намерно наративно се користи тековната кабинска жичарница како би се доближила до веќе искусеното.

Вселенските летала и воздушниот сообраќај е предвиден на растојание од облакодерот, т.е од делот кај што започнува жичарата, како би се одбегнале можностите за хаварија врз објектот.  Со тоа, се усмерува влегувањето во објектот единствено низ жичарата.

Евакуационите канали ( наративни корења на стеблото) не се претставени во проектот но, идејата е да постои с-м на ходници, кои ќе поврзуваат со внатрешноста на планината со повеќенаменска функција (евакуација, складирање радиоактивни супстанци, помошни простории итн.)

-Борко Георгиев-Филип Конески - Стефанија Тодоровска  - Павлинка Атанасова

Програмски, овој облакодер претставува место во кое ќе се спојат човековата интелигенција и природните феномени и ќе дадат одговори на вонвселенските прашања по кои трага 21ви век.

Научно- истражувачки центар во кој ќе се анализираат биолошките процеси на Земјата, собирање и заштита на семенски материјал кој што потекнува од истата.

-Лабораториски простории за експерименти.

-Астрономско-истражувачки центар за анализа на вселенските процеси и набљудување на природни феномени, аурора бореалис и слични на неа…

Стефанија Тодоровска -Филип Конески -Борко Георгиев - Павлинка Атанасова .jpg

-Едукативен центар за обучување на нови кадри.

-Простори за презентација на истражените процеси и добиените резултати.

-Сместувачки капацитети со дополнителни содржини.

-Производство на храна за сопствени потреби.

-Погони за произвотсво на енергија што му е потребна на објектот за да функционира сам за себе, што го прави самоодржлив и независен.

Во служба на тоа е и фасадата на објектот, која што со две третини учествува во создавањето на таа енергија затоа што е изведена од огледални сончеви колектори. Освен енергетски, огледалните колектори придонесуваат за маскирање на објектот преку рефлексија на околината врз него. Визуелниот ефект на лебдечката структура, освен поетски добива и функционална оправданост.

Павлинка Атанасова-Стефанија Тодоровска -Филип Конески -Борко Георгиев

Обликувањето поаѓа од функционалниот квадрат, кој со растењето во висината ги намалува своите димензии. Со тоа објектот добива на елеганција, но и на олеснување во поглед на статика. Структурата на објектот е формиран од човековата права, на која во неколку моменти се појавува „божјата крива” (опсерваторија, 360’ планетариум, амфитеатар итн.). Спротивставувањето е со цел да се покаже природниот и човечкиот обликовен стремеж.

Оваа идеја промовира неколку новитети:

-позицијата на структурата,

-планетариум 360*

-сообраќајот кон неа

и ефектот на лебдење.

0393 - ilustration 2

Облакодерот припаѓа на новиот век, но е реален во неговите можности. Утопијата е поетската паралела, но не е само убава мисла за иднината. Колку подалеку стигнеме со погледот, толку подлабоко во себе истражуваме.

Автор на статија: