Објавен победникот на Paratissima/Punkt мебел конкурсот

Интернационалниот саем на современа уметност Paratissima Skopje кој оваа година по трет пат ќе се одржи од 10 -12 јуни во Младинскиот културен центар, во рамките на овогодишната програмска содржина распиша конкурс за дизајн на мебел во соработка со компанијата за производство на мебел Punkt Mebel.

Целта на конкурсот беше да се поттикне учеството на дизајнерите со сопствен предлог за дизајн на мебел кој потоа ќе биде изведен во прототип, изложен за време на отворањето на Паратисима Скопје и пласиран во продажните салони и (меѓународни) саемски учества на Пункт мебел. Ова партнерство стреми кон јакнење на соработката помеѓу креативниот и приватниот сектор и развивање и пласирање на нови дизајнерски решенија произведени на македонскиот пазар.

Ни претставува особено задоволство да објавиме дека на конкурсот учествуваа вкупно 21 автор, беа предложени 32 идејни решенија за дизајн на мебел, а раководниот и стручен тим на Пункт мебел се одлучи за предлог решението на Марија Цветковска од Ресен, Македонија.

Marija Cvetkova - TRI

Како почесни признанија Пункт мебел ги извдои дизајнерските решенија на:

– Александра Павловска и Калина Несторовска (Скопје, Македонија)
– Ана Малјановска (Скопје, Македонија)
– Вања Маринкович (Модрица, Босна и Херцеговина)
– Кортан Идризоглу (Зволен, Словачка)
– Кирче Стојоски (Охрид, Македонија)

Ве покануваме на отворањето на Паратисима Скопје во петок, 10 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје кога официјално ќе се отвори третото издание на саемот и ќе бидат изложени сите пристигнати предлог решенија од конкурсот.

——————————————–

Превземена содржина од facebook страната на Paratissima Skopje. Во продолжение неколку од пристигнатите решенија, додека останатите можете да ги погледнете на претходно посочениот линк:

Combo Гоце Миланоски

„Combo“
Гоце Миланоски

Diamond двосед Кортан Идризоглу

„Diamond тросед“
Кортан Идризоглу

Облак Кирче Стојоски

„Облак“
Кирче Стојоски

Yaso Gordana Ristova„Yaso“
Гордана Ристова

Ф.К

Автор на статија: