Од вчерашното отворање на изложбата на арх. Мишко Ралев „КОМУНИКАЦИЈА / Архитектура +дизајн“

Изложбата на дел од творештвото на архитектот МишкоРалев насловена како „Комуникација: архитектура и дизајн“ е прва од ваков вид во програмата на Министерството за култура. На неа ќе бидат изложени скици, цртежи, проекти, дизајни, и реализации на одредени дела од богатото творештво на авторот. Со оваа изложба архитект Ралев има за цел да ја популаризира својата и професијата на своите колеги архитекти и дизајнери, во насока на потрага по вистинските вредности на ваквиот вид творештво кое е потиснато на маргините на нашиот општествениот и културен живот.


Архитект Мишко Ралев дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје кај проф. Петар Муличковски, со кого и соработува на почетокот на својта прфесионална кариера. Во 1987 е избран за помлад асистент на институтот за проектирање на Архитектонскиот факултет во Скопје, на кој подоцна ќе биде избран и за доцент. Од 1995 до 2005 година учествува во наставата и на Шумарскиот факултет во во Скопје, на насоката проектирање на мебел и ентериер, прво како асистент, а потоа и како предавач. Во 2006 година со архитект Викторија Еремеева го основаат првиот приватен факултет за технички науки во Македонија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Во периодот од 2009 до 2012г. е визитинг професор на Факултетот за применети уметности, насока ентериер, во Ниш, Република Србија.


Во 1995 г. Заедно со архитект Викторија Еремеева го формираат проектантското биро „Такт инженеринг“, во чии рамки во текот на неговото двесетгодишното постоење се изработени огромен број на студии, дизајни, проекти и планови. За одбележување е и неговиот професионален престој во Лондон, Кипар, и Зимбабве.
Денес, Мишко Ралев е редовен професор на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, и воедно ја извршува функцијата декан на факултетот.

 

Фото: Борис Јурмовски