Отворена изложбата по повод 25 години награда „Андреја Дамјанов”

Вчера во Музејот на град Скопје, се отвори изложбата која го одбележува јубилејот 25 години награда  „Андреја Дамјанов”. На изложбата се поставени 25 плакати, со кратки биографии, вклучувајќи го творечкиот опус и фотографии од реализирани дела, на сите добитници на оваа награда за животно дело.  Во чест на нивното дело и придонес кон современата македонска архитектура, ААМ им додели официјални благодарници на добитниците или членовите од нивните фамилии. Оваа прекрасна изложба, исклучиво битна од хронолошки аспект, која нуди одлична можност да ги запознаеме великаните на домашната сцена, е клучна порака за тековните случувања во областа на архитектурата. Тековната архитектура во Скопје, не е споредлива со современоста на едно одминато време.

За жал, изостави масовната посетеност на студентите, колегите,  професорите, како и присуството на медиумите.  Оваа награда е престиж и животно признание од фелата, но за да остане таму треба вистински да ја уважиме со присуство и подршка.

Изложбата беше официјално подржана со скромен придонес и од тимот на МАРХ.  Споделуваме фотогалерија од вчерашниот настан:

IMG_9753

IMG_9760

IMG_9765

IMG_9768

IMG_9770

IMG_9773

IMG_9763

IMG_9771

IMG_9780

IMG_9778

IMG_9768

IMG_9757

IMG_9754

IMG_9752

IMG_9782

20150513_103659

 

Автор на статија: