Отворен е нов Дом на културата во Македонска Каменица

На 28 април 2017 год. се отвори новиот културен дом во Македонска Каменица. Објектот се изгради на местото на старата кино сала, со разлика во вкупната корисна површина која е зголемена од 550 на 880 м2.

Во домот  покрај мултифункционалната кино сала, треба да се сместат библиотеката и локалните културни друштва со свои простории. Инвестицијата изнесува 42 000 000 денари, средства добиени како заем од Светската Банка.

Во контекст на свечените отворања на новите објекти во Македонија, пракса е да изостане спомнувањето на луѓето кои стојат авторски зад реализацијата.

Извор >>>