Панел Дискусија: Мала станица – Минато, сегашност, иднина

Потребите од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување на мултимедијалниот објект Мала станица, кој е дел од Националната галерија на Македонија, со цел функционално искористување на просторот, приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметнички дела , иницираат потреба од поширока јавна дебата. Оттука, Националната галерија на Македонија ја повикува стручната и компетентна фела (архитекти, уметници од различни дисциплини, дизајнери, музеолози, историчари на уметност итн.) на јавна дискусија која ќе се одржи во среда, на 06 септември 2017 година, во 19.00 часот, во просториите на Мала станица.

Панелисти: м-р Дејан Ивановски, Бесиан Мехмети, м-р Виолета Бакалчев, д-р Огнен Марина, Мерита Максути, д-р Мартин Гулевски, м-р Зоран Павлов, директор на Музејот на Македонија, м-р Елизабета Аврамовска, м-р Вана Урошевиќ, м-р Роберт Јанкуловски и м-р Оливер Мусовиќ.
Модератор: м-р Виолета Бакалчев.

Извор: Fb event