„Просторното планирање и урбанизмот во Македонија – предизвик или …?”

„Просторното планирање и урбанизмот во Македонија – предизвик или начин за брзо богатење”
Среда, 08 април 2015, 19:00-21 ч., Мобилна монтажна галерија, Парк на Франкофонијата, СкопјеТрибина „Просторното планирање и урбанизмот во Македонија – предизвик за создавање квалитетна животна средина, одржлив развој и хуман урбан простор или начин за брзо богатење на општините и политичките елити“Просторното и урбанистичкото планирање во Македонија последниве 4-5 години доживуваат колапс; наместо грижа за просторот и неговата амбиентална, еколошка, одржлива димензија, сведочиме за промени на просторните, генералните и деталните урбанистички планови преку ноќ и по телефон по наредба на политичарите, без да се направат анализи за влијанието на новите планови врз животната средина, луѓето и економските оператори кои го користат тој простор. Она што е најзагрижувачки е фактот дека најзагрозени во моментов се токму просторите кои просторното/урбанистичкото планирање треба најмногу да ги штити за да останат употребливи за наредните генерации. Сведочиме за најгруби напади на најстрого заштитените подрачја во Македонија како Националните паркови Маврово и Галичица, Крајбрежјето на Охридското езеро, Парк шумата Водно и многу други мали, но за локалните заедници исклучително битни простори. Ова неминовно нѐ води до прашањето дали самите дозволуваме да се уништува просторот сечејќи си ја на тој начин гранката на која седиме.
Трибината е планирана на едно место да ги собере зaедниците, иницијативите и активистите кои го дигнаа својот глас за зачувување на амбиентално-пејзажните, еколошките и урбанистичките вредности и да овозможи размена на идеи, искуства, можности за соработка и евентуален заеднички настап за решавање на постоечките проблеми.
На трибината своите ставови како воведничари ќе ги изнесат:• Проф. Стефанија Хаџипецова, Просторен планер
• Ристо Аврамовски, архитект – иницијатива против изградбата на нова туристичка населба во Лазарополе и еден од авторите на платформата за планирање на јавното зеленило во Скопје „Скопје Расте“
• Бардил Марку, архитект – Иницијатива за спас на Радика
• Александра Бујаровска, Фронт 21, претставник на иницијативата за заштита на НП Маврово
• Југослава Дуковска, претставник на иницијативата за спас на Водно
• Даница Павловска, поранешен планер во Министерството за просторно планирање
• Илина Арсова, претставник на иницијативата за заштита на НП Галичица и Охридското крајбрежје
• Претставник на одделението за урбанизам на општина Центар.

Автор на статија: