Работилница „Монтирање на ЛЕТНА Читална“

Монтирање на Летна Читална е еднодневна работилница првично наменета за студенти по архитектура и дизајн каде ќе можат да се стекнат со вештини за мануелна работа со дрво.


Урбаната интервенција од дрво има за цел да ги вклучи и останатите локални жители во средување на дворот на центарот за култура во Прилеп.


Оваа интервенција има за цел да донесе нова и млада енергија, да ги предизвика младите луѓе од Прилеп да бидат вклучени во оплеменување на јавниот простор. Исто така има за цел да ги пренесе активностите од внатрешноста на објектот (читање книги, претстави, работилници) кон отворениот простор. Таа може да служи како сценографија за театарски претстави.


Со својот игрив и динамичен дизајн е привлечна за најмалите деца со што тие ќе создадат цврста врска со центарот за култура како важна институција во градот уште од најмали нозе.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да земат дел нека ја пополнат формата:
https://meleemskopje.com/1241-2/
Доколку имате било какви прашање поставете ги на urbanmodular.m@gmail.com

Учеството во работилницата е бесплатно.
Сите учесници ќе добијат сертификат и фотографии од изведен проект кои понатака можат да ги искористат за збогатување на своето портфолио.

Архитект на проектот е Сара Симоска. Проектот е организиран од МЕЛЕЕМ, и е финансиран од Министерството за Култура на Република Македонија.