Разбуди го инженерот во себе – Биди дел од ЕBEC2016!

БЕСТ Скопје ви го најавува седмото по ред издание на ЕВЕC (European BEST Engineering Competition) – најголемиот инженерски натпревар во Европа коj ќе се одржи од 16-ти до 18-ти февруари во просториите на кампусот на техничките факултети.

16033218124_6c63eb0e82_o

Под слоганот “Awaken the engineer within”, инженерскиот натпревар се одвива во текот на три дена од кои: првиот ден е резервиран за формуска расправа и свечено отварање, а вториот и третиот ден, за натпреварувачките денови за Case study и Team design.

Во категоријата Case study на учесниците ќе им биде доделен “случај“ со теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употребата на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност и нивната способност за соработка со тимот.

16466526899_e5667170f3_o

Во категоријата Team design учесниците треба да го решат дадениот проблем со одредени материјали во ограничено време. Оваа категорија ги предизвикува инженерските способности на студентите како и нивната креативност, академско знаење и способност за тимска работа.

Победниците од двата дена ќе имаат шанса да продолжат на регионално ниво во Подгорица, Црна Гора, а патните трошоци ќе бидат подмирени од наша страна. Потоа победниците пак од таму, натпреварувањето ќе го продолжат на Европското финале кое оваа година ќе се одржи во Белград.

16464532838_d57a1c9cd8_o

Не двоумете се и бидете дел од oвој натпревар кој може да ви ги отвори вратите до најголемите инженерски компании во Европа. ЕBEC е вашата шанса, не само да го покажете вашиот теоретски или практичен пристап кон дадениот проблем, туку и да се запознаете со најдобрите студенти од цела Европа.

fbpromocija

Натпреварот е и од забавен карактер па ви ветуваме дека ќе си поминете незаборавно. Не дозволувајте да слушнете од други, дојдете и видете сами каква дружба ви нудат БЕСТовците.

Аплицирајте на следниов линк: http://ebec.best.org.mk/prijavi_se.html

Краен рок за аплицирање е сабота, 13.02.2016 до 23:00 часот!

Ве очекуваме!

Автор на статија: