Референдум за одбрана на ГТЦ

Почитувани сограѓани и пријатели

Со задоволство Ве информираме дека во рамките на нашите напори за сочувување на автентичноста на ГТЦ и неговата заштита од Барокизирање во иминатиов период заедно со општина Центар успеавме да направиме уште еден голем чекор. Со задоволство ве информираме ситe Вас, а особено оние од вас кои живеат во општина Центар дека нашата иницијатива за распишување локален референдум како најдемократско средство за практикување на граѓанската демократија за репрезентирање на вољата на граѓаните е прифатена од страна на општината.
Деталите околу оваа иницијатива ќе ги соопштиме на заедничка прес конференција со градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денес (среда) во 12 часот на влезот на ГТЦ од страната на Жена парк на која сите сте добредојдени.
Вашата поддршка во напорите за зачувување на ГТЦ иминатите 2 години беше од исклучително значење. Од вас граѓаните на Скопје и Центар ја црпевме силата и енергијата за да издржиме во битките со барокните армии и арамии затоа што градот вреди и ГТЦ вреди, ГТЦ вреди да се чува и сочува како симбол на градот, симбол на модерната архитектура но и симбол на граѓанската борба.
Ќе победиме! Ќе истраеме! Затоа што го сакаме ГТЦ повеќе од било кога! Придружете ни се!

превземено од: ГО САКАМ ГТЦ

 

Автор на статија: