Стоковна куќа “НАМА“ Скопје / Славко Брезоски 1959

Автор: Славко Брезоски

Година: 1959

Локација: плоштад „Македонија”- Скопје

Материјалот го состави и приложи: Мартин Ефремовски

Во 1956 година администрацијата на Скопје организира затворен конкурс за дизајн за стоковна куќа на централниот плоштад во Скопје. Локацијата на објектот е наменета за дооформување на централниот простор, лоцирана помеѓу Стопанската комора на северната страна и станбена зграда на источната страна формирајќи аголна парцела која со две страни се отвара на плоштадниот простор. Славко Брезоски е победник на конкурсот и е проектант на изведената состојба.

1

Почитувајќи го делото на Милан Злоковиќ, Стопанската комора од 1933 година (Денешен Метропол), објект со исклучителен квалитет и дизајн и објект од раната авангарда во Македонија, Брезоски ќе соработува со Ѓорѓе Злоковиќ во изработка на финалиот дизајн во формирање на силуетата и контиунитетот на плоштадот. (Токарев, 2005) ‘’Архитектонското обликување на објектот е произлезено од неговата функција, од урбанистичките услови за поврзување со соседните објекти.’’ (Брезоски, 1958). Токму овој цитат на проектантот го објаснува оформyвањето на објектот со два различни волумени кои архитектот ги користи да ги одели функциите и да ја даде формата и силуетата на улицата.

2

Првиот волумен со висина од 23 метра се израмнува со висината на Метропол а вториот волумен ја презима висината на станбената зграда на источната страна и го обвиткува првиот волумен поврзувајќи се со Метропол на северната страна преку игра на висината. Брезоски го повлекува приземјето формирајќи пешачка патека под вториот волумен кој почнувајќи од источната страна се одлепува од рамнината на првиот волумен, пратејќи го закривувањето на улицата, проширувајќи го самиот објект и постанува главниот архитектонски елемент на дизајнот.

Волумени

Архитектот ги користи истите естетски елементи и јазик на обликување во формирањето и на задната фасада каде се сместени економските врски за достава. Унијата помеѓу структурите и суптилната разлика во волумените е јасно видлива. Брезоски во оформувањето на новиот концепт ги користи вредностите од традиционалната архитектура во смисол на: исфрлени волумени и спој на старото и новото како еден од неговите критични ставови и тези.

4

Самата еволуција на дизајнот може да се анализира во разликата помеѓу оргиналниот конкурсен цртеж,  оргиналната визија за проектот и самата реализирана состојба. Првичната идеја на архитектот сѐ уште е носечката идеја на дизајнот: различни исфрлени волумени, атрактивна модерна и функционална фасада и функција како директен одговор на прогресивните години на педесетите. Финалниот дизајн е продукт на внимателно дествјување со веќе постоечкото и важноста на архитектноскиот дизајн на објект кој е лоциран на главниот плоштад.

ФУНКЦИЈА

Функционалистички објектот е поделен на пет нивоа и депо кое е поставено во задниот дел од волуменот. Првите три нивоа се наменети за комерцијална функција додека третиот и четвртиот имаат административна улога. Како што и оргиналната теза на Брезоски кажува: “архитектонското обликување на објектот е произлезено од неговата функција”, самиот концепт на дизајнот може да биде прочитан на фасадата. “Намерата беше да се создаде репрезентативен објект атрактивен и привлечен од надвор и од внатре подржувајќи ја самата функција на објектот.” (Брезоски, 1958)

5

Оргиналната форма и изглед на внатершниот простор треба да го бараме и во самата идеологија на една од првите ланци на комерцијални центри- Хрватската НАМА, со мото за поголем избор во центарот на градот и развиена потрошувачка култура на Југославија. (Кулич, 2009) Потребата од поголем простор каде ке бидат изложни повеќе продажни линии од сеопфатни аспекти како: мебел, облека, апарати за домаќинство и друго, придонесува да оргиналниот дизајн на комерцијалниот простор е целосно отворен. Поврзувањето на нивоата било овозможено со еден единствен ескалатор поставен на централна позиција кој води нагоре и скали на крајот на просторот како комуникација за враќање надолу.

6

Улогата на ова решение на комуникацијата е произлезено од конзумерскиот начин на купување каде преку централниот ескалатор купувачот е изложен на целиот спектар на понуда на нивото одејќи нагоре и со отворен поглед на плоштадот преку отворената фасада. Самата локација на комерцијалните простори создава врска помеѓу екстериерот и ентерирот, која е осветлена, топла и изложена на природна светлина. Самите регулации во Југославија за висина на продажни простори од 5 метра заедно со отвореноста придонесува за пријатноста на просторот. Администрацијата на објектот е на третото и четвртото ниво и на приземјето на задната страна.

7

Самите димензии на НАМА, условуваат отварање на внатешен двор во првиот волумен кој ги пробива само третото и четврото ниво обезбедувајќи светлина во административниот прсотор. Оваа диспозиција овозможува канцелариите да бидат организирани околу атриумот и надворешната фасада и да се поврзани со централен коридор кој циркулира околу целиот простор.

8

Ова функционалистичко решение обезбедува природно освелувањеи вентилација и пристапност до канцелариите. Заради големата висина на продажниот простор, на задната фасада архитектот поставува мал волумен кој ја завзема висината на станбениот блок. Во него успева да смести 5 нивоа во кои се појавува галериски дел кој гледа во продажниот центар. Овој волумен на задната фасада преставува јасна разлика помеѓу Метропол и НАМА, по бројот на нивоата и диспозицијата на прозорите.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Администрацијата има два посебни влеза, сопствен пристап од плоштадот и од задниот дел. Идејата на Брезовски е одделување на просторите, каде што администрацијата би можела да биде изнајмувана и користена вон активностите на стоковната куќа.

МАТЕРИЈАЛИ И КОНСТУКЦИЈА

Сите градежни материјали и занетчиски работи не се предвидени со цел зградата да би била репрезентативна, туку да би се добило максимални предности во однос на трајност, практичност, одржување на чистотата и хигиената во Стоковната куќа. (Брезоски 1958)

Оргиналната конструкција е решена со принципот на скелетен систем. Материјалот кој Брезоски го користи за надворешната завршница на објектот уште повеќе ја зголемува врската помеѓу Метропол и Нама Тој користи мермерни плочи за првото и второто ниво, а додека за административниот дел користи малтер (вештачки травентин) кој е исто користен и на задната фасада Подната покривка е од терацо. За стаклената фасада на вториот волумен ориентирана на јужна страна, како метод на заштита од сонце се користат завеси кои во исто време ја прават фасадата по игрива и спонтана.

10

ВРЕДНОСТ

Вредноста која НАМА ја има за градот Скопје и за модерната архитектура на Македонија и нејзините граѓањи е огромна. Лоцирана на самиот плоштад во Скопје после самото отварање настанува симбол и референтна точка во градот, како само “стоковната”. Земјотресот од 1963 ќе остави големи последици за изгледот на плоштадот кој после овој настан ќе остане видно неизменет се до 2010 година и почетокот на проектот “Скопје 2014”. Нама/Метропол во периодот после земјотресот ќе завземат улога на објекти со носталгична вредност од меморијата за старо Скопје.

11

Мултифункционалноста и одличната локација ќе придонесат за контиунирана окупираност на НАМА од различни институции и функции. Но самата стоковна куќа ќе ја доживее судбината на скоро сите слични простори во Скопје со самата замена на големите ланци на стоковни куќи со нови помали бизниси на кои просторот на НАМА не им одговара. Секако за ова придонесува и близината на НАМА со градскиот трговски центар кој прерасува во главна фокална точка на трговската активност на градот. НАМА ќе функционира како стопанска куќа до 2003 година кога Комерцијална банка на Македонија ке стане сопственик оставајќи го објектот празен до 2005 година, кога ќе биде продаден на Италијанската група ТИ-ЕН фондација која ќе ја реновира и рестарврира. (Вест, 2005)

12

Рестарвацијата сепак е извршена со селективна почит за оргиналната структура на објектот. Најпрво, самиот простор ќе биде пренаменет во согласност со новата потрошувачка култура каде малите дуќани имаат приоритет. За да се овозможи оваа поделба, самата стаклена фасада која е клучен елемент на објектот ќе биде затворена одвнатре губејќи ја својата функционалистичка природа и намена. (Сл. 7) Надворешниот изглед исто така ќе е изменет со што единството на НАМА и Метропол ќе биде уште позначително изгубено . Претходно, со реновацијата на Метропол во 2000та година, овој објект исто така го изгуби секој свој оргинален дух, најмогу со промената на секвенцијата на прозорите и додавањето на

13

Вредноста и значењето на НАМА од пред-земјотресно Скопје, како објект од раното модерно движење и дело на еден од најистакнатите и најплодни македонски архитекти е огромно. Најважното нешто е дека ние не треба да ја гледаме НАМА како самостојна зграда. Таа заедно со Метропол на Злоковиќ, престауваат тестамент на различни времиња но со истата идеја за архитектура, истата идеја за релациите помеѓу луѓето просторот каде се наоѓа и функционалноста. Релацијата на ентериер со екстериер е дизајн кој служи за инспирација. Вредноста на овој објект лежи во тоа дека е една од првите комерцијални куќи во Македонија и дека е меморија од едно друго време-од време на напредно Скопје.

НАМА го рефлектира опшеството од времето кога е изградена но секако и денешното потрошувачко опшество. Тоа можеме да го забележиме преку тоа како објектот е прецепиран и користен на самиот плоштаден простор. Денеска служи како плато на кое може да се рекламираат секави билброди од секакви големини надополнето со огромниот екран, каде што зградата ја губи сета своја суштина и функција и постанува само една рамнина од реклами.

Оваа непостојаност и нечија неповрзаност со архитектурата заедно со неможноста за препознавање на самата нејзина непроценлива вредност, ќе допридонесе за предлог измените во проектот “Скопје 2014”.Овде, првичниот план за “покривање” на објектот со фасада во некој непрепознатлив квази стил, пред неколку недели е проследен и со измена на деталниот урбанистички план, со кој е предвидено додавање на нови нивоа и секако нова фасда,. Повеќе од јасно е дека новиот план воопшто не го почитува генијот на архитетите Славко Брезоски и Милан Злоковиќ покажан во нивното формирање и дизајнирање овој дел од плоштадниот простор.

14

15

 

16NAMA ograduvanje MARH

БИБЛИОГРАФИЈА

-ТОКАРЕВ Михаил, 100 години Модерна Архитектура, Скопје: Михаил Токарев, 2005.

– Архитектонски портрети, Скопје, Аршин, Факултет на Архитектура, 2004.

– Архив, Градски архив на Скопје, Технички елаборат “НАМА”, 31.10.1958

– КУЛИЧ Владимир, “‘East? West? Or Both?’ Foreign perceptions of architecture in Socialist Yugoslavia” In The Journal of Architecture Volume 14 Number 1, Florida Atlantic University, Fort Lauderdale, FL, USA, 2009.

 

Копии од оригинални технички прилози:

nama Основа на приземје_МАРХ

nama Основа на кат_МАРХ

nama Пресек _ МАРХ

nama Изглед_МАРХ

Автор на статија: