Студентите на ФАД при УАКС во соработка со општина Дојран

ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ НА СТУДЕНТИТЕ НА ФАД ПРИ УАКС ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ДОЈРАН

Материјалот го приложи и обработи: Стојаноска Софија

Фото: Иван Христов

Во академската 2015/2016 година, Факултетот за Архитектура и Дизајн при УАКС Скопје и општината Дојран, склучија меѓусебна соработка, со цел истражување на потребите и можностите што ги пружа територијата на град Дојран, поттикнати од ново настанатата ситуација на туристички прилив поголем во однос на минатите години. Оваа туристичка сезона Дојранските угостителски капацитети сместија околу 30 000 туристи.

Целта на програмата е да им овозможи на студентите основно разбирање на принципите и методологијата на архитектонско планирање, програмирање и проектирање на објекти со различни намени и типологии како и ентериерно проектирање во насока на брендирање на препознатливи простори карактеристични за локалниот контекст. Од наставната прогама се усогласени проектните програми на соодветните предмети во двата учебни семестри на повеќе академски години, согласно барањата и потребите на општината. Овие предмети во склоп на своите прогамски задачи треба да дадат предлог одговор за потребите на градот Дојран во смисла на унапредување на изградената средина. Учесници во овој проект се студенти од сите академски години.

Проектот беше започнат со теренска посета на наставниот кадар и студентите на општина Дојран. При тоа се водеа разговори со овластени лица од општината а студентите се сретнаа и со Градоначалникот Борче Стамов. Се даде акцент на потребите на општината во контекст на објекти по типологии и се лоцираа засегнатите локации на кои ќе се изработуваат програмски задачи од предметите во есенскиот семестар. Во склоп на предметите во пролетниот семестар ќе се зададат сличен број на програмски задачи кои како континуитет на веќе започнатото би биле продолжение на развојот на нови идеи на останатите локации во град Дојран.

Студентите во есенскиот семестар работат на локации во Дојран за следните предметни наставни програми:

Втора година:

Предмет: Архитектонско проектирање 3 – Станбена низа.

Трета година:

Предмет: Дизајн на урбана опрема – Дизајн и опрема на урбан простор.

Предмет: Архитектонско проектирање 5 – Хотел на две понудени локации.

Четврта година:

Предмет: Архитектонско проектирање 1 – Образование и здравство – Основно училиште.

Предмет: Студио проектирање 1 – Градска Библиотека.

Предмет: Ентериер 1 – Ентериерно проектирање во насока на брендирање на препознатливи простори карактеристични за локалниот контекст.

Предмет: Студио внатрешна архитектура 1 – Туристички информативен центар.

Петта година:

Предмет: Архитектонско проектирање 3 – Спортска сала за 1000 гледачи.

Целата соработка ќе се финализира на крајот на акдемската година, кога се одржува и годишната изложба на студентите на ФАД при УАКС, која што оваа година ќе биде тематски организрана, т.е. посветена на градот Дојран. Исто така најдобрите од студентските идејни решенија ќе бидат презентирани пред стручи лица од општина Дојран, и земени во предвид за понатамошна документна доработка и реализација. Планирано е и публикување на каталог со материјали од целиот научноистражувачки проект Дојран 2015/2016.

2

3

4

Автор на статија: