Тековни конкурси за идејни решенија

Конкурсот претставува најдемократски принцип за избор на конкретно решение за локација и објект со намена од јавен карактер. Се овозможува еднаква шанса за сите (дефинирана со рок и услови на повикот) да проектираат идејно решение и да претстават концепт за конкретната задача.

За жал изминатите години, во Македонија конкурсите станаа тендери, со често непознати членови на комисија, со неразумни рокови и барања за истите, со недоволно информации и нецелосна документација.

Сепак, во една ваква ситуација, архитектот најдобро може да покаже став преку сопствен придонес и јавна презентација на својата идеја за тој простор, предизвикувајќи се себеси и во условите кои се онакви какви се. Архивата на идеи која се креира од процесот е придонес за времето во кое постоиме, доказ за нашиот стадиум на развиток и мисла.

Марх има за цел да ја информира професионалната јавност за постоењето на тековните конкурси, и да иницира што побројно учество на истите. Во моментов се распишани повеќе конкурси, чии базични информации можете да ги проследите во продолжение, или подетални на посочените линкови.

Тековни конкурси:

1.Конкурс за изработка на ахитектонско – урбанистичко идејно решение за пешачки мост на река Вардар од “Кеј Димитар Влахов до Кеј 13-ти ноември”

Распишува: Град Скопје

Објавен:   01.04.2016

Рок: 04.07.2016

Награди:  Главна награда – 100.000,00 денари во нето износ, – Втора награда – 70.000,00 денари во нето износ, – Трета награда – 50.000,00 денари во нето износ, – еден откуп на труд – 10.000,00 денари во нето износ, – втор откуп на труд – 10.000,00 денари во нето износ,

Лице за контакт: Бојан Савески

Адреса на е-поштаjavninabavki@skopje.gov.mk

Телефон/Факс: 3297-222/3297-292

Извор ( link):  e-набавки/ Конкурс/ Мост на „Вардар“/ Скопје

———————————————–

2. Конкурс за избор на идејно решение за изградба на Kонгресен центар

Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје

Објавен:   01.04.2016

Рок: 06.05.2016

Награди: непознато

Лице за контакт:  Благица Марковиќ

Адреса на е-пошта: blagica.markovik@elem.com.mk

Телефон/Факс: 02 3 149 126/023111309

Извор ( link):   e-набавки/ Конкурс/ Kонгресен центар/ Скопје

———————————————–

3. Конкурс за избор на идејно решение за изградба на катна гаража

Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје

Објавен:   01.04.2016

Рок: 06.05.2016

Награди: непознато

Лице за контакт:  Благица Марковиќ

Адреса на е-пошта: blagica.markovik@elem.com.mk

Телефон/Факс: 02 3 149 126/023111309

Извор ( link):   e-набавки/ Конкурс/ Катна гаража/ Скопје

———————————————–

4.Конкурс за избор на идејно-архитектонско урбанистичко решение на плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка -Плоштад ВМРО

Распишува: Општина Крива Палана

Објавен:   06.04.2016

Рок: 11.05.2016

Награди: Прва награда……………60.000,00 денари (нето); – Втора награда………….. 40.000,00 денари (нето); – Трета награда………….. 20.000,00 денари (нето) .

Лице за контакт:  Биљана Тасевска

Адреса на е-пошта: biljana.tasevska@krivapalanka.gov.mk

Телефон/Факс: 031 375 020/031375020

Извор ( link):   e-набавки/ Конкурс/ Плоштад/ Крива Паланка

———————————————–

5.Конкурс за избор на идејно решение за автокамп „Ливадиште“ – Струга

Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје

Објавен:   06.04.2016

Рок: 11.05.2016

Награди: Прворангиран труд = 310.000,00 мкд Второрангирн труд = 120.000,00 мкд Треторангиран труд = 70.000,00 мкд

Лице за контакт:  Елизабета Стојановска

Адреса на е-пошта: elizabeta.stojanovska@elem.com.mk

Телефон/Факс: 023149192/023111309

Извор ( link):   e-набавки/ Конкурс/ Ливадиште/ Струга

———————————————–

6.Конкурс за избор на идејно решение за реконструкција и доградба на хотел Молика – Битола

Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје

Објавен:   12.04.2016

Рок: 10.06.2016 

Награди: Прворангиран труд = 310.000,00 мкд Второрангирн труд = 120.000,00 мкд Треторангиран труд = 70.000,00 мкд

Лице за контакт:  Елизабета Стојановска

Адреса на е-пошта: elizabeta.stojanovska@elem.com.mk

Телефон/Факс: 023149192/023111309

Извор ( link):   e-набавки/ Конкурс/ Молика/ Битола

 

Ф.К

 

 

 

 

Автор на статија: