Тениска арена, гимнастичка сала и сала за боречки спортови

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински денеска ја презентираше новата капитална инвестиција за изградба на нова тениска арена, гимнастичка сала и сала за боречки спортови.

Новата сала ќе биде лоцирана во делот на Спортскиот центар и е прва од ваков тип во нашата држава, а единствена во регионот која ги опфаќа овие три содржини.

5

– Денеска го презентираме проектот кој го најавивме пред одредено време за изградба на тениска арена и гимнастичка сала, а на мое големо задоволство можам да соопштам дека овој проект го надополнуваме со сала за боречки спортови. Објектот ќе овозможи одржување на професионални натпревари од тенис, гимнастика и боречки спортови, а кога сме кај гимнастиката, можам да кажам дека повеќе од 30 години не е ништо изградено за овој спорт, рече Перински на презентацијата на проектот.

4

Тој информира за содржините на новиот објект кој ќе биде дел од центарот.

– Салата ќе биде на две нивоа, на првото на 3.159 вкупна површина ќе се наоѓаат реквизитите и борилиштата за карате, бокс и кик-бокс, помошни простории, гардероби, тоалети, и остави за потребите на клубовите. Предвидено е да се постават два душека за борачите, четири татами за каратистите и пет ринга за боксерите. Дополнително, предвиден е и простор за трим патека и простор за фитнес центар, изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“.

nova-arena-1

На второто ниво ќе бидат сместени затворената тениска арена со простор за 500 гледачи и кафе бар, место за падел тенис и гимнастичката арена со повеќе од 20 типови справи и трибина со капацитет од 500 гледачи, дополни Перински.

nova-arena-3

Почетокот на изборот на процедурата за најповолен понудувач се очекува на почетокот на 2017 година, а објектот е проектиран на два милиони евра.

2

– Во финална фаза е процесот за добивање на корисничко право на земјиште и веднаш штом ги добиеме потребните документи ќе објавиме јавен повик за изработка на проект за објектот, нагласи Перински.

Директорот на центарот очекува изградбата на салата да трае од 12-15 месеци, односно во првата половина на 2018 година новата арена да биде готова.

Извор: СЦ „Борис Трајковски“