Ќе се работи на ново решение за плоштадот во Струга

Петнаесеттина млади студенти по архитектура, искусни архитекти и дизајнери од Европа, до крајот на месецот ќе работат на новото архитектонско решение на градскиот плоштад во Струга и центарот на градот во рамки на проектот „Градот никогаш не спие“.

Креативната работилницата во рамки на овој проект на која ќе се изработуваат идејните решенија за подобар изглед на Струга ќе трае до крајот на април, пренесе МИА

Според стружанецот Гоце Чавкоски, студент на Техничкиот универзитет во Виена, Австрија, во креирањето на новите урбани решенија за строгото централно градско јадро ќе бидат вклучени и граѓаните.

„Ќе дадеме еден поинаков тек и транспарентен однос, затоа што во целата ситуација досега не сум видел дека архитектурата се третира како еден јавен процес. Ќе ги инволвираме сите граѓани, ќе го слушнеме нивното мислење и на крајот, ќе донесеме квалитетен и транспарентен заеднички проект со кој сите граѓани во оваа општина ќе бидат задоволни“, вели Чавкоски.

Проектот „Градот кој никогаш не спие“ го реализира асоцијацијата „Креативни и активни“ со поддршка на Фондот за развој „Принц Клаус“ од Холандија и во соработка со општина Струга.

превземено од : http://www.radiomof.mk/mladi-arhitekti-kje-rabotat-na-novi-reshenija-za-ploshtadot-vo-struga/#sthash.K8ploIlo.dpuf

струга плоштад

Автор на статија: