Случувања за 11 мај

May 9, 2018

1. Креативен маратон: Rethinking how the city works and lives

Концептот на Smart Cities претставува еден од најпопуларните истовремено еден од најветувачките трендови на иднината. Тој претставува комбинација од различни сегменти на денешното динамично живеење, спој од услуги, информации и продукти кои се меѓусебно поврзани и можноста за пренасочување на нивната намена. Овој тренд е веќе присутен во поразвиените држави што сведочи за фактот дека неговата појава е неизбежна и за градот Скопје. Затоа за да можеме да одговориме соодветно на предизвиците на модерното време организираме маратон токму на оваа тема.  Креативниот маратон претставува тридневен настан каде интезивно ќе се работи на пронаоѓање на иновативи и креативни решенија со користење на современата технологија да се подобри начинот на кој градот функционира и живее.

Целта на овој креативен маратон е да се подигне свеста и развојот на практичните знаења и вештини кај младите и нивно подготвување за понатамошно професионално насочување кои ќе им претставуваат значителна предност при нивното вработување.

🔀Насоки за креативниот маратон:
Сите учесници ќе бидат поделени во мултидисциплинарни тимови од 5 до 7 луѓе кои ќе имаат задача да креираат идејно решение за интегрирање на концептот Smart Cities во градот Скопје. Решенијата е потребно да бидат на ниво на мок-ап или прототип со дефиниран бизнис модел, стратегија за експанзија кон останатите сегменти на функционирање на градот, дефинирана технологија, и сл.

😎За кого е наменет овој креативен маратон?
Smart Cities маратонот е наменет за сите млади и амбициозни студенти кои имаат интерес кон технологија или пак сакаат да ги збогатат своите вештини и знаења од современи технолошки области како и познавања од бизнис сферата. Повикот е отворен за сите студенти од сите области.

🏆 НАГРАДИ
Прво место:
500EUR
5 графички таблети
Стипендија во вредност од 2.500EUR во Академија за Game design и 3D моделирање

Второ место:
250EUR
Стипендија во вредност од 2.000EUR во Академија за Game design и 3D моделирање

Трето место:
Стипендија во вредност од 1.500EUR во Академија за Game design и 3D моделирање

И уште многу други вредни награди!

🙌🏼Учество:
Се очекува од сите учесници да можат да присуствуваат на сите три дена од маратонот од 11.05 – до 13.05.2018.
Од учесниците е неопходно да носат свој лаптоп.

Можеш да се пријавиш сам или со пријател. Доколку аплицирате двајца, потребно е двајцата да пополните индивидуални апликации, а подолу наведете го името на партнер/ партнерката.

💡Зошто треба да аплицираш?
Доколку сакаш да работиш на нешто ново и интересно, нешто што е вистински предизвик а истовремено да се стекнеш со нови знаења и вештини кои практично ќе можеш да ги примениш во твоето професионално насочување. Да се стекнеш со значителна предност и да се издвоиш како посебен квалификуван кадар при твоето идно вработување. Исто да имаш можност да запознаеш луѓе кои се истакнати и искусни професионалци токму на оваа област, како и да запознаеш млади и амбициозни таленти, токму од твојата околина.

🍔Храната и пијалоците се обезбедени од организаторите. Сите учесници на крајот на маратонот ќе добијат сертификат за учество.

Повеќе информации за креативниот маратон можете да добиете тука: https://inovum.mk/rethink/rethink.html

 

2.  MemoarchSk

Проектот MemoArch (МемоArch) се фокусира на ширење на меморијата за скопските палати од почетокот на 20от век преку инволвирање на посетителите во процесот на меморирање на сегменти од палатите. Преку интерактивна поставка на илустрации од фасадните решенија на палатите, би се раширила меморијата за палатите и заинтересираноста за нив меѓу младите.На испринтаните формати со различни фасадни решенија од палатите, одредени сегменти ќе недостигаат, кои ќе треба да бидат надополнети од страна на посетителите. До секоја илустрација ќе биде поставен маркер со кој посетителите ќе го дополнат делот кој недостига и краток опис за историјата на објектот. Со процесот на повторување на деталите и добивање на информација за постоењето на такви архитектонски решенија во Скопје, посетителите ќе се здобијат со мал сегмент од изгубената меморија.

Автор на статија:

| / / / / / |