13 начини на гледање на градот / Повеќе автори

Куратор: Даниел Серафимовски
Асистент: Оливер Илиевски
Отворање на изложбата: среда, 24 Јуни 8:30 часот
Времетраење на изложбата: 24 Јуни – 10 Јули 2015
во Serious Interests Agency (SIA) Ѓорѓи Печков 6, 1000 Скопје, Македонија

Фотографии: Amanito

Извор: SIA

11540840_424092401108160_8262054042707581817_n
Учесници: Виолета Бакалчев (архитект) / Минас Бакалчев (архитект); Домника Бошкова (архитект); Слободан Велевски (архитект) / Марија Мано Велевска (архитект) / Огнен Марина (архитект); Мартин Гулески (архитект); Владо Данаилов (архитект) / Моника Новковиќ (архитект) / Гордан Витевски (архитект); Викторија Еремеева (архитект) / Максим Наумовски (архитект) [Михаил Фјодорович Еремеев (геометар) и Борис Михајлович Еремеев (архитект)]; Јован Ивановски (архитект), Владимир Десков (архитект), Паолина Милушева (архитект), Биљана Темелковска (архитект), Иван Николовски (архитект), Сања Лилиткин (архитект), Нина Карангелеска Тодоровска (архитект), Мартин Ефремовски (архитект), Сања Тасева (архитект), Бисера Крцковска (архитект), Александар Балдазарски (архитект); Ѓорѓе Јовановиќ (уметник); Филип Јовановски (уметник); Влатко П. Коробар (архитект); Дамјан Момировски (архитект), Зоран Петровски (куратор); Митко Хаџи-Пуља (архитект).

11707446_424092394441494_7122698358353298811_n
Новата архитектонска изложба на СИА, која првично беше насловена „Други (нови) перспективи за градот“, има за цел да овозможи токму тоа: преглед на нови/други начини за гледање на градот, во овој случај тоа е градот Скопје. Избраните дела, проекти и студии претставуваат или тековни испитувања засновани на истражување или дела кои одразуваат конкретна страст и интерес на поединечните учесници кон одредени архитектонски/урбани/социолошки теми. Некои од овие „Студии на градот“ беа развиени како дел од стручни истражувачки проекти; други, пак, како резултат на личниот однос кон градот. Во обата случаи, студиите се израз на љубовта и посветеноста на архитектите на градот – нивниот град. Тоа е нешто што може да биде доведено во прашање со оглед на драматичната трансформација на голем број на објекти, улици и јавни простори која градот ја доживува во последните пет години.

11008606_424093357774731_7663568698160636098_n

Martin Guleski, Model Architecture, 2015.

11692502_424093627774704_8267503748732650038_n

Серијата на избрани дела претставува обид да се направи преоценување на постоечките квалитети на градот, некои од кои беа доста грубо и систематично адаптирани, видоизменети,или дури и избришани во текот на скорешниот период на повторен интензивен урбанистички развој. Градот се претвори во непрекинато градилиште , доживувајќи трансформација до степен на непрепознатливост преку наметнување на несоодветен ’нов’ архитектонски стил и културен идентитет. Порекнувањето и бришењето на својствата на модернистичкиот град е еднакво на бришење на колективната меморија на градот. Делата кои се избрани и создадени во рамките на оваа изложба се рефлексија на и врз можноста за зачувување на колективната меморија на граѓаните, дури и кога (и можеби токму заради тоа што) загубите се веќе значителни. Обидите на граѓаните да се спротивстават на проблематичната социо-културна агенда на постоечката власт, изразени преку иницијативи како што се „Го сакам ГТЦ“ претставуваат показател дека не само архитектите, туку и „обичните“ граѓани го ценат и сакаат својот град и неговите објекти; граѓани врз чии животи влијаела Архитектурата на Градот. Делата на архитектите, уметниците и другите автори вклучени во оваа изложба го одразуваат на различни начини граѓанскиот активизам кој се јавува како реакција на политиките и несфатливите урбанистички појави кои го загрозуваат градот.

20093_424093361108064_3166504416943117689_nMitko Hadzi-Pulja / Minas Bakalcev, A Public Space and
a Building folded in a Unique Continuum

Изложбата „Тринаесет начини на гледање на градот“, како што укажува насловот (позајмен од песната на Волис Стивенс „Тринаесет начини на гледање на кос“) е замислена како обид да се пристапи кон една конкретна тема од повеќе различни перспективи, користејќи различни медиуми, методологии и точки на гледање. Изложбата носи на едно место повеќе автори кои се претставници на повеќе генерации; делата се поставени во трите изложбени простории во СИА, групирани слободно околу конкретни теми или наративи.Форматот на изложбата ги истакнува и прославува сличностите и разликите помеѓу делата и проектите, обединувајќи ги единствено околу одредени кураторски елементи како што се рамките, форматот и начинот на изложување на ѕидовите и во просторот, описот на проектите, итн. Всушност, неколку од проектите инкорпорираат елементи на пишување во делата; некои од нив се примарно текстуални студии или студии на просторните аспекти во текстовите на други автори.

11659506_424093374441396_89498098569138538_n

Viktorija Eremeeva, Maksim Naumovski (Mihail Fjodorovich Eremeev and Boris Mihajlovich Eremeev), From the Eremeev Family Archive

Вклучувањето на поголеми пишани фрагменти, како и книжевните аспекти на изложените дела има за цел критика (но, и како форма на противлек) на феноменот на изложбите со рок на траење една ноќ – каде што најголемиот дел од посетителите доаѓаат на отворањето на настанот или на изложбата. Наместо тоа, оваа изложба поттикнува повеќекратно гледање (што претпоставуваме е цел на сите изложби) – повторно посетување на изложбата, нешто што потсетува на задржувањето и разгледувањето на книгите на полиците на јавните библиотеки, па дури и на периодичното читање и препрочитување на поглавја на една книга.

11707842_424093364441397_4587685028812577226_nZoran Petrovski, Sea of Ice.

11705105_424093371108063_1015080936419606661_n

Violeta Bakalcev, Minas Bakalcev, When the City Blossoms.

Можноста за такво искуство за посетителот е понатамошно помогната со пријатната атмосфера на галерискиот простор во Агенцијата за сериозни интереси која овозможува целата изложба да се види и доживее и како инсталација и како архива на дела. Изложбата го покажува градот Скопје виден од горе, преку фотографии снимени од воздух во далечното минато кои се дел од архивата на семејството Еремеев. Тие го покажуваат градот од внатре, откривајќи ги неговите скриени квалитети и потенцијалот на „невидливите“ или помалку видливите простори во градот (јавните простори на кои сме се навикнале, но дури сега целосно ги цениме – сега, кога полека ги губиме), преку типолошката студија со наслов „Невидливото Скопје – архитектонски водич“, која беше организирана од Студио Скопје под раководство на Јован Ивановски.

11667450_424096037774463_8736683946970964821_n

Detail of ‘Model Architecture’ ‘by Martin Guleski, looking toward a detail of ‘A House. Stills and Thoughts, Debar Maalo in the plays of Goran Stefanovski’ by Vlado Danailov, Monika Novkovikj, Gordan Vitevski.

Изложбата понатаму вклучува и нацрти и макети на неколку важни модернистички згради изготвени од страна на проф. Мартин Гулевски, чија страст за моделарството започнува уште во детството. Овие “макети на архитектура“ не се само макети на конкретни згради во градот, туку и „модели примери“ на вредна архитектура. Студијата на макета претставува извонредна постапка на анализа и документирање на конкретното архитектонско наследство во едно општество кое сè уште нема развиено соодветен механизам за правилно вреднување и заштита на важните архитектонски дела кои ги има наследено од блиското минато.Освен овие студии, изложбата содржи и серија на лични “Градски приказни“.

11694009_424093367774730_7538573456889079917_nVlatko P. Korobar, Four Doors and a Wall: Alberti in My House.

Во тоа што навидум наликува на текст од дневник, насловен „Четири врати и ѕид – Алберти во мојот дом“, проф. Влатко П. Коробар ги дава своите размисли за ’куќата на еден архитект’ и префинетите просторни квалитети на конкретна модернистичка куќа во градот. Тоа е куќа дизајнирана од непознат архитект; куќа која е дом на семејството Коробар повеќе од половина век; куќа која има доживеано поголем број на трансформации, како и куќа чија организација и дух се одраз на познатата идеја на Алберти за „куќата како мал град“ и “градот како голема куќа“. Уметникот/архитектот Филип Јовановски документира серија на уметнички постапки прикажувајќи ги интимните услови во кои се подготвуваа некои од неодамнешните клучни чинови на граѓанска непослушност. Ова ново дело ги прикажува некои од неговите „скриени постапки“ или помалку видливите аспекти на неговата работа, вклучувајќи тука и видео од уметникот кој води кампања да ги поттикне граѓаните да ја дадат својата поддршка за објектот на ГТЦ (Градскиот трговски центар – еден од клучните модернистички објекти на градот, проектиран од архитектот Живко Поповски и неговите соработници) пред одржувањето на неодамнешниот јавен референдум на кој требаше да се изјаснат за прифаќање на предложените измени или задржување на оригиналниот изглед на објектот. Во врска со ова, размислувањата на проф. Минас за „живеењето со ГТЦ“ развиени во рамките на неговите 11 тези за ГТЦ (од книгата „111 Тези за ГТЦ“, уредници Филип Јовановски и Ивана Васева) во кои се истакнуваат урбаните квалитети на овој објект и неговата улога во градот и во животот на градот. Преку серијата на фотографски опсервации чиј коавтор е Виолета Бакалчева, а кои се снимени за време на секојдневните прошетки на кејот на реката Вардар преполн со новоизградени објекти во непосредна близина на нивниот дом (во и околу центарот на ГТЦ), двајцата архитекти откриваат во рамките на нивното секојдневно опкружување една друга димензија, речиси сосема друг свет на растенија и цвеќе, со што даваат доказ дека е можно еден убав ден градот убав повторно да „процути“.

11700824_424096121107788_5413263466409722923_nDetail of ‘Model Architecture’ by Martin Guleski; looking toward ‘Invisible Skopje’ by Jovan Ivanovski, Vladimir Deskov, Paolina Miluševa, Biljana Temelkovska, Ivan Nikolovski, Sanja Lilitkin, Nina Karangeleska Todorovska, Martin Efremovski, Sanja Taseva, Bisera Krckovska, Aleksandar Baldazarski (photography).

11036600_424096161107784_1731168287015762611_nDetail of ‘Drawing and (Re)mapping the City Skopje,
1980-2000’ by Zivko Popovski, Goce Adzi-Mitrevski, Minas Bakalcev, Mitko Hadzi-Pulja, Martin Guleski. Dimitrije Golubovski, Domnika Boskova, and a group of motivated students from the Faculty of Architecture, UKIM University, Skopje.

‘City Cutouts’ by Slobodan Velevski, Marija Mano Velevska, Ognen Marina.

Detail of ‘Four Doors and a Wall: Alberti in My House’ by Vlatko P. Korobar.

11659445_424096187774448_794127860790363816_n‘Invisible Skopje’ by Jovan Ivanovski, Vladimir Deskov , Paolina Miluševa, Biljana Temelkovska, Ivan Nikolovski, Sanja Lilitkin, Nina Karangeleska Todorovska, Martin Efremovski, Sanja Taseva, Bisera Krckovska, Aleksandar Baldazarski (photography).

Detail of ‘Drawing and (Re)mapping the City Skopje,
1980-2000’ by Zivko Popovski, Goce Adzi-Mitrevski, Minas Bakalcev, Mitko Hadzi-Pulja, Martin Guleski. Dimitrije Golubovski, Domnika Boskova, and a group of motivated students from the Faculty of Architecture, UKIM University, Skopje

11403329_424096204441113_1772419997152486787_n

‘Invisible Skopje’ by Jovan Ivanovski, Vladimir Deskov, Paolina Miluševa, Biljana Temelkovska, Ivan Nikolovski, Sanja Lilitkin, Nina Karangeleska Todorovska, Martin Efremovski, Sanja Taseva, Bisera Krckovska, Aleksandar Baldazarski (photography). — with Paolina Miluseva, Nina Karangeleska Todorovska, Nikolovski Ivan, Martin Efremovski, Bisera Krckovska, Sanja Lilitkin, Aleksandar Baltiq, Biljana TemelKovska and Sanja Taseva.

11013148_424096061107794_7418489133234562603_n

Изложбата вклучува тринаесет „Градски студии“ и „Градски приказни“, дела создадени во најголем дел од архитекти, при што неколку од нив се колаборативни проекти од повеќе автори. Се разбира, и други “градски студии“ и „градски приказни“ може да бидат вклучени како дел од оваа изложба. Меѓутоа, изложбата „Тринаесет начина на гледање на градот“ не претставува завршен настан, туку е дел од еден тековен истражувачки проект (поврзан со проектот „Скопје Отворена Архива“, инициран од архитектот Даниел Серафимовски во пролет, 2014 г.), при што ќе продолжи со две идни поврзани изложби, во краток временски период една после друга.

11218053_424096074441126_9096069564303650634_n
‘City Cutouts’ by Slobodan Velevski, Marija Mano Velevska, Ognen Marina.

Следната изложба со наслов „Нови приказни за објектите и Градот: трансформации“ ќе се фокусира поконкретно на различните аспекти на тековните урбанистички трансформации на Скопје, за што ќе посведочат академски или лични истражувачки проекти. Последната изложба во серијата (со работен наслов „Уметноста и градот“) ќе се фокусира на односот помеѓу одреден број на уметници и градот, при што ќе опфати уметнички интервенции во јавни простори, итн. Заедно со серија на јавни дебати и семинари, трите изложби и дискусиите кои ќе следат треба да се заокружат со издавање на книга, која ќе служи како документ за изложените дела и како референтен документ за други актуелни и идни истражувачки проекти кои се однесуваат на градот.*Насловот на изложбата се повикува на песната на Волис Стивенс со наслов „Тринаесет начина на гледање на кос“ од неговата прва збирка поезија „Хармониум“(објавена во 1917 г.). Песната се состои од тринаесет куси посебни делови, при што во секој од нив на некој начин се спомнува птицата кос. Погледот е доминантниот начин на перцепирање, а песните имаат кинематски квалитет. Во првата строфа на песната се добива впечаток како камера прво да се фокусирала да ни предаде панорамски поглед од планина, за потоа да зумира на косот и на неговиот поглед кој не мирува. Иако инспириран од хаику поезијата, ниту еден од деловите на песната не ја исполнува традиционалната дефиниција на хаикуто. Песната може да се толкува како една од вежбите на Волис Стивенс во перспективизам; перспективи кои се раѓаат од имагинацијата на поетот која може (во духот на филозофскиот номинализам) да го обедини светот на различни начини. Критичарите укажуваат дека песната може да се повикува на практиката на кубистите да обединат повеќе различни можни точки на гледишта на субјектот, перципирани во одреден подолг временски период. Песната служеше како извор на инспирација за голем број на музичари и композиции; насловот е често парафразиран во наслови на статии, албуми и секогаш кога некоја тема налага испитување од повеќе различни перспективи. Можеби една повеќе лична причина за користење на овој наслов е тоа што тоа е референца на книгата на Роберт Харбисон, „Тринаесет начини: теоретски истражувања во архитектурата“. Во оваа енигматична книга, авторот (кој е наш колега и пријател од Лондон) користи формален поетски наратив за архитектонската историја и теорија со цел да дискутира за повеќе архитектонски дела од аспект на десет теми (скулптура, машини, телото, пејсаж, модели, идеи, политика, заедничкото, субјективност и меморија). Книгата „Научна биографија“ на Алдо Роси, која може да се смета за претходник на „Тринаесет начини“ на Харбисон, а во која Роси прави комбинација на серија на поетски размислувања за уметноста и архитектурата со личното искуство (како начин да ја објасни својата позиција во архитектурата) е друга клучна референтна книга за формата и структурата на оваа изложба која има за цел да собере и сопостави на едно место повеќе паралелни гледишта за градот, како лични пасии, искуства или работни методологии во една поголема поетска целина.

Би сакале да се заблагодариме на многубројните соработници за нивниот придонес во изработката на овој колективен проект.

11659458_424096097774457_1300507100502650401_n
‘Drawing and (Re)mapping the City Skopje,
1980-2000′ by Zivko Popovski, Goce Adzi-Mitrevski, Minas Bakalcev, Mitko Hadzi-Pulja, Martin Guleski. Dimitrije Golubovski, Domnika Boskova, and a group of motivated students from the Faculty of Architecture, UKIM University, Skopje


11692500_424121034438630_5629648859639008268_n 11737828_424121057771961_2414611113133305308_n 11709515_424121644438569_7406714898871343870_n 11695731_424121647771902_6616761985533936709_n 11737902_424121651105235_2280944258150013493_n 11665652_424121654438568_6318046633807628601_n

Слика:
Михаил Фјодорович Еремеев
цирка 1923-27

10616506_418621024988631_1160896611650472083_n

Автор на статија: