„ Учење архитектура“ – 25 години летна школа за архитектура

По повод 25 години од првата архитектонска летна школа при Архитектонскиот факултет при УКИМ, на 28ми Октомври 2016  се оддржа меѓународна научна конференција во амфитеатарот при факултетот.

%d1%81%d0%b2-%d1%98%d0%be%d0%b0%d0%ba%d0%b8%d0%bc-%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%bf-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8_%d0%bc%d0%b0%d1%80

Манастир Св.Јоаким Осоговски @МАРХ_Филип Конески

Настанот започна со обраќање од ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. Д-р Никола Јанкуловски, а по него деканот на Архитектонскиот Факултет Минас Бакалчев и претседателот на советот на летната школа за архитектура проф. Д-р Влатко Коробар.

14886086_10211371626951189_477731042_n

@МАРХ_Ноеми Чаусидис

Првата сесија – Учење архитеткура, се состоеше од разгледување на изминатите летни школи. Гостите тутори Хан Тумертеќин, Александар Бродски и Хрвоје Њириќ дадоа краток вовед раскажувајќи ги нивните икуства како предавачи на летните школи.

%d1%85%d0%b0%d0%bd-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d1%85%d1%80%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%b5

Следуваа три излагања од професорите на Архитектонскиот факултет, кои го разгедуваа процесот за учење архитектура и важните аспекти на информалното учење користени на досегашните 25 летни школи.

%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d1%81%d0%b2-%d1%98%d0%be%d0%b0%d0%ba%d0%b8%d0%bc-%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b0%d0%bb%d0%b5

Од летната школа со Александар Бродски @МАРХ_ Филип Конески

%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d1%81%d0%b2-%d1%98%d0%be%d0%b0%d0%ba%d0%b8%d0%bc-%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8_-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%81

 @МАРХ_ Филип Конески

%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d1%81%d0%b2-%d1%98%d0%be%d0%b0%d0%ba%d0%b8%d0%bc-%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b0%d0%bb%d0%b5

 @МАРХ_ Филип Конески

Професорот Минас Бакалчев, се концентрираше на карактерите кои учествуваат во процесот на учење на досегашните летни школи. Во неговото обраќање насловено „Луѓе“  обрна внимание на минатите тутори и организатори: Владимир Ѓоргиевски, Живко Поповски, Александар Никољски, Борис Чипан, Ѓорѓи Константиновски, Ченгиз Бекташ, Ранко Радович и Гоце Аџи Митревски. Завршувајќи со потенцирање на важноста на сите индивидуи во едукативниот процес, и професорите и студентите.

14886272_10211371626591180_1219801083_n

@МАРХ_Ноеми Чаусидис

Професорите Јован Ивановски и Јасмина Сиљановска ја презентираа темата на „Интерактивноста и фексибилноста на информалното учење“. Преку истражувае на евалуациите од изминатите летни школи тие доставија листа со 7 лекции кои студентите по архитектура ги учат во процесот на информално учење.

Проф. Марија Мано ја презентираше важноста на трите основни аспекти во процесот на учење – референци, соработка и изложби. Поврзувајќи ја темата со работата на изминатите летни школи како и интегративното студио „Обрасци на раст“ водено во соработка на професорите Огнен Марина и Слободан Велевски.

14872468_10211371627711208_825653357_n

@МАРХ_Ноеми Чаусидис

Следуваше Мери Баакоја со темата – мапирање на „синтезата на уметностите“ во македонскиот контекст. Таа го разгледуваше спојот на архитектурата и уметностите  во монументалните градби по Втората Светска Војна, како и по скопскиот земјотрес во 1963.

Потоа во своето обраќање проф. Митко Хаџи Пуља ја отвори темата на „Состојба на убавина“ разгледувана заедно со професорот Минас Бакалчев, Бетим Зекири и Никола Стрезовски.

. . .

Во вториот дел од настанот, гостите  Хан Тумертеќин, Александар Бродски и Хрвоје Њириќ презентираа дел од нивната тековна работа и проекти.

ucenje-arhitektura-___-afs_-skopje-2016_marh

@Антонио Грујевски_МАРХ

Делата на Александар Бродски отсекогаш содржеле во себе филозофска мисла, во баланс помеѓу архитектурата и уметноста. Тој е познат ( освен за архитектонското творештво) и по своите инсталации, скулптури, графики.

23_alexander_brodsky

Павилјон за 15 Венецијанско Биенале_Александар Бродски

Во потесниот избор на дела кои ги презентираше пред студентите и присутните на настанот беа: Павилјонот за 15 Венецијанско биенале, Автобуска постојка во австриско село, Индивидуална куќа во околината на Москва, Инсталација во напуштена цистерна во Москва, итн.

?

Реализација на автобуска постојка во Австрија_Алексадар Бродски

Втората презентација ја одржа познатиот хрватски професор и архитект Хрвоје Њириќ , кој сподели повеќе искуства од полето на урбанизмот и архитектурата. Меѓу позначајните дела кои беа коментирани се најде предлог решението за новиот национален стадион во Загреб, потоа решението за павилјон во центарот на градот, детска градинка, урбанистичката замисла за иднината на Загреб, станбен комплекс во Сплит итн.

108_02

Павилјон во Загреб_ Хрвоје Њириќ

?

Skalinada_ Хрвоје Њириќ

?

За(брег) Национална Арена_ Хрвоје Њириќ

Последен се претстави турскиот архитект Хан Тумертеќин, кој презентира одлични реализации во духот со локалните традиции на Истанбул и Турција. Тука се најде транспарентната џамија во изградба, Медитераската фабрика за маслиново масло, Адаптација на историски блок и негово внатрешно поврзување во Истанбул итн.

Во реализацијата на делата, Тумертеќин секогаш ги користи локалните мајстори и материјали, во обид за меѓусебно надминување и утврдување во знаењето.

901efbf2f0de1de0cd43929a847555f3

?

han-tumertekin-cemal-emden-bademli-fabrikaa

По презентациите, на присутните им беше овозможено да постават прашања на гостите. Прашањата се однесуваа на нивните проекти, но и на општи коментари за положбата на македонската и светската архитектура, незавидната положба на професијата и нелогичните законски правила.

?

@МАРХ

Во коментарот за центарот за Скопје и деградирањата на јавниот простор, гостите заклучија дека тоа се случува и на многу други места во светот.

14881551_10210308363962208_1757536654_o

@МАРХ_Антонио Грујевски

Низ шега, Бродски спомена дека тоа може да се забележи и во Москва, но среќата на Мосва е во нејзината големина, за што ќе треба подолго време да се уништат нејзините вредности за истото да стане сериозно забележливо.

ucenje-arhitektura-_-afs_-skopje-2016

@МАРХ_Филип Конески

На крајот на настанот, се обрати уште еднаш деканот на Архитектонскиот факултет, проф. Минас Бакалчев, со што се заокружи целодневниот настан „Учење архитектура“ во спомен на 25 годишнината од летната архитектонска школа во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.

Материјалот го приложија и обработија: Ноеми Чаусидис, Филип Конески, Антонио Грујевски

Автор на статија: