Leave a comment...

3 години Македонска АРХитектура

3 години како со ентузијазам и љубов посветено работиме на промоцијата на македонската архитектура пред пошироката јавност. Во овој период создадовме солидна интернет архива за домашната сцена во дваесетина категории или поточно 826 објави.

По три години се надеваме дека успеавме да ги убедиме и скептиците во професијата за нашата мисија и посветеност. Останува домашната фела повеќе самоиницијативно да учествува во креирањето на објавите но и во тоа поле бележиме напредок.

Статистиката вели дека изминатава година сме биле посетени од 271,325 посетители кои прелистале содржини во број од 1,609,172 страници, што навистина не прави среќни и ја крепи нашата мисија како се поуспешна.

Марх ви благодари на сите кои не следите, бироата кои несебично соработуваа, ААМ, инзвонредните студенти, професорите и  факултетите, на сите членови и соработници, минати и тековни, како и  на сите кои ни се израдуваа од срце и ни се силна поддршка!

 

СЕКОМУ ДОБРО!

Тимот на МАРХ

 

п.с Нам роденден вам подарок 🙂  Традиционално, роденденски ПОДАРУВАМЕ КНИГА – овојпат тоа е „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ од авторите Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја. Како да учествувате дознајте на линкот>>>

Share This:

Коментарите се затворени.