4 години МАРХ

November 24, 2018

Пред четири години започнавме да зрачиме во интернет просторот со цел да ја подигнеме општата свесност за македонската архитектонска сцена и да го потикнеме нејзиниот развој. Во овој период придонесовме кон збогатување на нет архивата со податоци за македонските автори, архитектурата на територијата на нашата земја, критички осврти, информации за литература на македонски јазик и многу повеќе.

Чекориме скромно согласно можностите на тимот, но вашата поддршка и задржано внимание не крепи да продолжиме. Минатата година за прв пат успеавме да добиеме симболична поддршка од Министерството за Култура на Р.М , градот Скопје и Младинскиот културен центар, што го сметаме за полека но сигурно позиционирање на нашата мисија од значење за градот и нацијата.

Плод на оваа соработка е првото издание на сетот разгледници „Бетонско Скопје 1“, веќе подготвувајќи го принтот за второто „Бетонско Скопје 2“, потоа активна работа на изданието за делото на архитект Иван Артемушкин, како и скорешното подобрување на перформансите на страната.

За следната година и нашиот прв јубилеј, ќе се обидеме конечно да ги издадеме печатените изданија,  да ја поседуваме англиската верзија на страната и уште 4 сета разгледници посветени на архитектонското и градителско наследство на Македонија.

Марх ви благодари на сите кои не следите, бироата кои несебично соработуваа, ААМ, инзвонредните студенти, професорите и факултетите, на сите членови и соработници, минати и тековни, како и на сите кои ни се израдуваа од срце и ни се силна поддршка!

СЕКОМУ ДОБРО!

 

 

Автор на статија:

| / / / / |