Leave a comment...

AFTERDUTCH – НОВ ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ НА SCAPES:LAB

Од самото формирање и почетокот на платформата SCAPES:LAB во април 2014 година, успешно се иницирани и спроведени четири големи едукативни програми од областа на урбаната педагогија. Повеќе од 500 млади колеги и студенти по архитектура, урбанизам и сродни дисциплини од регионот (Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина) учествуваа во истражувачките експедиции во Москва (2016), Берлин (2015), Белград (2014 и 2015) и Амстердам. Оваа година SCAPES:LAB се враќа во Холандија – преку програмот AfterDutch сакаме повторно да се поврземе и да провериме на кој начин еволуирале моментите од нашата последна посета и соработка во 2014 година.

Flat.SCAPES:LAB 2017 / AfterDutch претставува истражувачки програм составен од неколку фази и наменет како алатка за критичко читање и согледување на инструментите за развој на современиот градски пејсаж во Холандија. Тоа што посебно не интересира е што се случи со идејата после ерата “SuperDutch”, кои се насоките за понатамошниот развој, дали и колку се променети процесите на носење одлука и што е (нашиот) следен чекор. Програмот подразбира неколку месечен труд во неколку фази кој се заокружува со студиското патување на повеќе градови од Холандија, како и постпродукција на стекнатото знаење и аргументација, а наменет е за архитекти и студенти по архитектура од регионот (Скопје, Нови Сад, Белград, Ниш, Бањалука, Сараево, Подгорица)

Зашто “AfterDutch”?

Статистиките од 80-те години на 20 век, покажуваат дека 70% од вкупната изградена средина во Холанија е создадена после Втората светска војна. До 2000 година, тој процент е пораснат на 75% и продолжува драматично да расте. Сиот (професионален) свет е сведок за една исклучителна хиперпродукција во архитектурата и урбаното планирање. Холандското Министерство за култура издвоило големи средства за стимулирање и промовирање на “културните компоненети” од полето на архитектурата преку изложби, настапи, конференции и публикации кои го опишуваат и слават овој нов градски пејсаж.

Исклучително продуктивната пракса започнала од иновативните поставки и теории кои го взаемно го формулираат “SuperDutch” концептот како нова урбана реалност која во своето дефинирање го придобила интересот на индустријата, консултантскиот и бизнис секторот, инвеститорите, просторното планирање, но и јавниот интерес кој заради оваа појава повеќе нема да се откажува од плановите со крупен капитал. Архитектурата во значајна мерка постанала спектакл кој се слави сам себе, а бројните “taschen-able” публикации го зајакнале имиџот на новите бироа и автори – кои всушност претставуваат агенти на новиот тренд. Роден е поимот ѕведна-архитект (starchitect), успехот е глобален, а младите генерации се верни следбеници.

Не помина долго време од кога критичкиот дефицит на “SuperDutch” стана очигледен, а економската реалност која се појави со глобалната криза, го олесни трезнењето. Денешните статистики посочуваат дека во Холандија, повеќе од осум милиони метри квадратни деловен простор, стои потполно празен – згради и објекти кои и служат само на својата финансиска вредност, без суштинска корист и употребливост за градот, жителите и заедниците.

Што е следно? Какви се социјалните и просторните последици на ерата “SuperDutch” ? Дали Холандија ја чека нов циклус на архитектонска хиперпродукција или периодот на криза им допринесе на новите генерации на архитекти да афирмираат нов пристап кон изградената средина? AfterDutch ќе се бави со ова и многу други прашања и доколку сакате да се приклучите на истражувачкиот тим, пројдете низ предложените работни фази, од нашиот план за посета на Холандија и пријавете се тука. Рокот за рана пријава е 10ти Јуни 2017 година!

Официјален блог на програмотAfterDutch  

ScapesLab на Facebook

 

*SCAPES:LAB е автономен во својата истражувачка активност и не бара финансиска поддржка од ниту една институција, фонд или организација.

**SCAPES:LAB не застапува ничии интереси освен оние кои се значајни за учесниците на програмот, нивната соработка и производството на знаење.

Share This:

Коментарите се затворени.