АРХИТЕКТУРА – елементи, материјали, форми / Прина

Автор: Франческа Прина

Издавач на македонски јазик: Арс Ламина ДОО

Година на издавање: 2011

Превод од англиски: м-р Стефанија Маџоска

Лектура и коректура: Биљана Ивановска

Стручна редакција: доцент д-р Огнен Марина, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. кирил и Методиј“- Скопје

Оваа книга е создадена како дел од серијата  „Принстон практични прирачници за уметноста“, во кои се истражува нејзиниотформален јазик, помагајќи им притоа на читателите да ги разберат средствата кои ги користеле авторите: техники, материјали, конструктивни и составни елементи, стилски карактеристики и иконографија.

„Со повеќе од 2000 години историја на архитектурата, оваа богато илустрирана книга ги дефинира и ги покажува сите главни компоненти на уметноста – од теорија, планови и модели до конструктивни елементи, како столбови, сводови и куполи, до материјали и конструктивни елементи.

Со прекрасните фотографии во боја на речиси секоја страница и прецизните прикази кои директно укажуваат на важните аспекти на секоја слика, оваа книга нуди визуелна граматика, лесна за употреба, за речиси бесконечните начини на кои елементите на архитектурата се употребувани во градењето низ годините низ светот – од Европа, Америка, Блискиот Исток, Кина, Јапонија, Индија и Африка. Секој запис вклучува дефиниција, илустрирани примери и детална анализа и објаснување, сите претставени во контекст на историската еволуција.

Архитектурата често ги споредува познатите и помалку познатите објекти од многу различни места и времиња, при што восхитувачки изненадувачки за експертите, како и свеж, информативен и пријатен вовед за обичните читатели и за студентите.“

Ф.К