Во тек пријавување за АРХИВИКИ 0.3

April 4, 2018

Организатор: Студио за архитектура и дизајн Архипункт
Соработници: Здружението Споделено знаење, Веб порталот МАРХ
Цел: Збогатување на македонската Википедија со содржини од областа на архитектурата
Место: Архитектонски Факултет Скопје
Датум: 13-14 април, 2018г.
Број на учесници: неограничен
Пријавување: https://goo.gl/forms/LF1bx0UrpU80e2bn2

Од Архивики 0.1 / 2016

Бројот и содржината на статиите за архитектура на македонски јазик на Интернет се многу ограничени. Ова е особено видливо преку Википедија, првото интернет место за пристап до информации од било која област, која е во недостаток на многу значајни податоци, поими, градби, творци и правци присутни во целокупното досегашно македонско и светско архитектонско творештво.

Википедија е слободна енциклопедија, осмислена да функционира на принципот на соработка и придонес од страна на нејзините корисници. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“
Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Интернет, примајќи околу 50 милиони прегледи на ден.

Од Архивики 0.2 / 2017

Цел на работилницата:

Во согласност со Вики-концептот, во опуштена и друштвена атмосфера:
– Да се дознае нешто повеќе за македонското и светското архитектонско творештво
– Да се научи постапката за уредување содржини на Википедија
– Да се придонесе кон достапноста на информациите за македонската и светска архитектура во севкупноста на човековото знаење преку внесување нови и дополнување на некои од постоечките статии на македонската Википедија

Распоред на работилницата:

13.04.2018г. (18:00-20:00)
– Запознавање на учесниците
– Претставување на организаторот и соработниците
– Презентација на Споделено знаење- Како се внесуваат содржини на Википедија?
– Формирање групи и организирање на работата

14.04.2018г. (10:00-18:00)
– Уредување статии
– Пауза за ручек
– Уредување статии
_________________________________________________

Arhipunkt е младо архитектонско студио од Скопје предводено од Невенка Манчева и Марија Антиќ Николова. Покрај својата основна цел- создавање современа архитектура и дизајн, студиото во својата работа има желба да вклучува и непрофитни проекти со кои би придонеле за заедницата, истовремено развивајќи ја кај корисниците т.н. архикултура која во македонското општество во моментов е многу потребна.

Споделено знаење Википедија на македонски јазик е невладина и непрофитна организација, огранок на Фондацијата Викимедија, чија главна цел е поддршка на создавање, собирање и умножување на слободни содржини со примена на програмот вики.

МАРХ Македонска архитектура е интернет страница посветена на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност преку објавување статии, проекти и известување за изложби и настани.

Настан>>>

Автор на статија:

| / / / / / |