Дуплекс – “Bachelor flat” / Василевски, Ивановска

Биро: БАУЛАБ

Автори: Игор Василевски + Ана Ивановска

Година  на изработка: Септември-Декември 2018

Локација: улица Лондонска, Општина Карпош – Скопје

 

Дуплекс – “Bachelor flat” се наоѓа во станбена зграда спроти Сити Мол на улица Лондонска – Општина Карпош. Простор во кој клиентот имаше барање да оформиме нестандарден простор во кој ќе треба да преовладува индустрискиот дизајн со уникатни парчиња на мебел кои ги идентификуваме како такви кај ТВ комодата, масичката во дневниот простор, кујната од дрво со кожен аксесоар и амбиенталната спална соба во која гардероберот и бањата се од отворен тип.

 

Затекнатата состојба предвидуваше непотребно многу преградни ѕидови кои ние ги отстранивме и за таа цел создадовме отворен простор во кој се искористува максимално целата квадратура а во меѓукатната конструкција кај скалишниот отвор создадовме стаклен под кој дополнително допринесува за поголемо количество на светлина во просторот и оригиналност во овој дуплекс. Партерот на долното ниво е изработен од паркет во масивно дрво со тип на редење шеврон а горниот кат е третиран со црн епоксиден под.

Авторите

Автор на статија:

/ / /