Basic Balkan Architecture

Второто балканско биенале и асоцијацијата Колектив, организираат отворен повик за просторна инсталација, во просториите на галеријата ( Колектив ).

Темата е поврзана со промените на Балканот, неговиот историски континуитет и дисконтинуитет, економија, традиција и историски промени. Тенденциите и можностите да се размислат работите одново и да се насочат кон нов дизајн, инсталација.

Материјалот со кој треба да се работи е дрво, а крајното чинење не треба да надмине 1500 евра буџет.

Повикот е започнат на 1ви октомври, додека крајниот рок е на 1ви ноември за доставување на вашите решенија. Упатен е до регионот, што значи дека македонските креативци, студија, индивидуалци се поканети да земат учество во овој повик.

Повеќе информации околу темата, жирито, сите рокови и начинот на кој можете да учествувате проследете ги на линкот.

Автор на статија: