A bird’s-eye view of Skopje / Фотогалерија – дел I

March 7, 2018

Датум: Лето 2017

Локација: Центар на Скопје - јужен брег

Низ изминатите векови главниот начин на презентирање и замислување на просторот се  одвива преку ортогонални проекции како што се мапите, основите, изгледите и пресеците. Овие прикази се целосно вештачки погледи сведени на темелна прецизност, кои иако екстремно важни во процесот на проектирање, никогаш не се видени во реалноста од страна на корисниците.

Со развивањето на технологијата на фотографирање, птичјата перспектива прераснува од имагинарните визуализации на дизајнерите во реални и лесно достапни слики. Тие, како и плановите, успеваат да претстават големи целини од структурата на градот, дополнително збогатени со третата димензија на изградените волумени. Содржејќи сенки, предмети, автомобили и луѓе, овие фотографии ни овозможуваат да го согледаме нашиот град како детална жива макета. Дополнително, од оваа точка се развива степенот на објективност при анализата на градот и јасно се издвојуваат главните елементи на топографијата на градот, неговите урбанистички целини и архитектонски симболи. Исто така го согледуваме функционирањето на градот и нашиот однос кон него, најмногу и најмалку фреквентните улици и зони, како и запуштените задни фасади, валканите кровови и дворовите претворени во паркинзи.

Автор на статија:

| / / / / |