Студентски конкурс за постер / БИСТА 2018

СТУДЕНТСКИ КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО ГРАФИЧКИ ОБЛИКУВАН ПОСТЕР ЗА БИСТА (Биенале на студентите по архитектура) 2018

 

Ги покануваме студентите од сите факултети по архитектура во Р. Македонија да земат учество на Конкурсот за избор на најдобро графички обликуван постер за овогодинешното Биенале на студентите по архитектура – БИСТА 2018.

Постерот треба да биде со формат 50/70 cm, во слободна техника, во боја или црно-бел и треба јасно да ја репрезентира авторската идеја која ќе им се обрати пред сѐ на студентите по архитектура, но и на пошироката публика со својата релевантност и препознатливост.

Постерот треба да го покаже видливо и јасно постојното лого на БИСТА, но и да понуди соодветно графичко решение за позицијата на логото на Асоцијацијата на архитекти на Македонија како организатор на биеналето. (Логоата може да се симнат од официјалната страна на Асоцијација на архитекти на Македонија – http://aam.org.mk/)

КОНКУРСНИ УСЛОВИ

Конкурсот е анонимен, право на учество имаат само студентите по архитектура. Учесниците на конкурсот се пријавуваат со шифра. Секој учесник има право да учествува со повеќе трудови.

Постерот се предава со шифра од максимум пет букви во горниот десен агол. Ако некој студент учествувал со повеќе трудови, сите треба да бидат означени со различна шифра.

Податоците за авторот се наведуваат во посебен затворен плик со назнака „Автор“ и назначен со истата шифра. Податоците за авторот поставени внатре во пликот треба да содржат име и презиме на студентот, име на архитектонскиот факултет и универзитет, година на студии и контакт (емејл адреса и телефон).

Оценувањето постерите поднесени на конкурсот за најдобро графички обликуван постер за БИСТА 2018 го врши жири комисија составена од претставници на факултетите по архитектура од Р. Македонија кои ќе учествуваат на Биеналето.

НАГРАДИ

Трите прворангирани трудови ќе добијат сертификат за учество и добиено прва, втора односно трета награда на јавен конкурс за избор на најдобро графички обликуван постер за БИСТА 2018. Првонаградениот труд ќе стане официјален постер за БИСТА 2018 и ќе ги следи сите активности на Биеналето на студентите по архитектура.

 

РОКОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОНКУРСНОТО РЕШЕНИЕ

Конкурсното решение се доставува лично или по пошта во канцелариите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија на адреса ул. Даме Груев 14а, Скопје, до 01.09.2018 година заклучно со 13.00 часот. Жири комисијата ќе ја заврши својата работа со објавување на резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 7 дена од крајниот рок за предавање на конкурсното решение.

За дополнителни информации може да се обратите на 2018bista@gmail.com.

 

Автор на статија:

/ /