Благоја Мицевски – Бајо (1931-2002)

February 23, 2018

Материјалот го приложи: Маја Петковска

Извори: Публикација за ретроспективна изложба на Благоја Мицевски – Бајо во организација на МАНУ; Публикација "Десет носители на наградата Андреја Дамјанов" - ААМ; Сеќавања на архитект Мери Поцева Мицевска.

Во развојот на современата македонска архитектура, творештвото на архитектот Благоја Мицевски – Бајо, остави длабоки неизбришливи траги и зазема значајно место во македонското градителство и култура. Тоа е значајно поради неговиот богат и разновиден опус со високи архитектонски квалитети, вреднувано и наградувано на бројни јавни конкурси и преку реализираните објекти што Мицевски го афирмира во пошироките балкански простори и надвор од нив.

скопски саем

Скопски Саем

Спаѓа меѓу првите генерации македонски архитекти кој студиите ги завршува на Техничкиот факултет – архитектонски оддел на Универзитетот во Скопје во 1958 година. Неговиот талент во сликарството, како и кон проектирањето беше забележан од страна на професорите. Кај проф. Љубомир Белогаски станува демонстратор по предмет слободно цртање, а кај проф. Јован Ранковиќ демонстратор по станбени и колективни згради и негов соработник во повеќе проекти.

Населба Капишец

Населба Капишец / Борис Јурмовски

Соработката со факултетот ја продолжува како хонорарен асистент и стручен соработник. Желбата и страста кон проектирањето беа посилни од универзитетската кариера, така што Мицевски целиот свој работен стаж го поминува во проектантски организации. По дипломирањето се вработува во проектантската организација “Бетон”, а потоа во проектантската организација “Македонија проект”. Во периодот 1966-1967 работи во проектантската организација “Клагенфурт” – Австрија. По пензионирањето проектантската активност ја продолжува во своето ателје “Бајоарх”.

За Мицевски архитектурата претставува бескрајно барање и моделирање во инженерството и хуманоста на човечкото живеење, на рационалното и на естетското вечно барање на најубавиот спој на материјалната и духовната култура, како и дивата упорност на работата поттикнувана, како што велеше тој “од свесни и потсвесни сили изразени како архитектонски продукт”.

 

Урбанистичко решение за центарот на Ѓаковица

Урбанистичко решение за центарот на Ѓаковица

Општествени признанија и пофалби:

1967 год.  Плакета на “Борба” за Основно училиште “Мирче Ацев” во Скопје;

1977 год.  Златна плакета од Ватикан за проектот на Католичка црква во Скопје

1983 год.  Диплома од БИЕНАЛЕТО на македонската архитектура за станбена зграда во Скопје;

1985 год.  Диплома од БИЕНАЛЕТО на македонската архитектура за индивидуална станбена зграда во Кавадарци;

1988 год.  Плакета на “Борба” за станбениот блок “Скопјанка” во Скопје;

1997 год.  Највисока наша награда за животно дело “Андреј Дамјанов”;

  • Повеќе плакети за успеси и афирмација на “Македонија проект”;
  • Повеќе од 40 награди добиени на конкурси, од кои 16 се првопласирани.

 

Станбено деловен комплекс „Скопјанка“ -Google Maps

Позначајни реализирани објекти:

  • Основно училиште “Мирче Ацев” во Скопје;
  • Комплекс “Саем” во Скопје, во тим со С. Ѓуриќ, Д. Димитров и Ж. Гелевски;
  • Станбени објекти во Кавадарци;
  • Станбени објекти на Бул. “ЈНА” и Бул. “Партизански одреди” во Скопје со арх. Васка Ладинска;
  • Станбени објекти “Капиштец” во Скопје;
  • Станбена населба “Белка” во Кавадарци со арх. Мери Поцева Мицевска;
  • Хотел “Липа” во Прилеп;

 

Хотел „ЛИПА“ Прилеп – Google Maps

  • Хотел “Паштрик” во Ѓаковица;
  • Поликлиника “Ребро” во Загреб;
  • Католичка црква во Скопје со арх. Славко Ѓуриќ;

 

„Свето срце Исусово“

„Свето срце Исусово“

„Свето срце Исусово“- Скопје /Борис Јурмовски

  • Бискупски ордининаријат во Скопје со арх. Славко Ѓуриќ;
  • Католички самостан во Скопје;
  • Станбено деловен објект “Скопјанка” во Скопје;
  • Дома за стари лица во Клагенфурт, Австрија;
  • Сервис “Мерцедес” во Клагенфурт, Австрија;
  • Станбен објект во Клагенфурт, Австрија;
  • Индивидуални куќи во Копер;
  • Станбена населба во Заечар со арх. Мери Поцева Мицевска;
  • Погон за електролиза “Биљана” – Охис во Скопје;
  • Алатница “Металски завод – Тито” во Скопје;
  • Текстилен комбинат во Битола;
  • Индустриски објект “Јака 80” во Радовиш;
  • Индустриски објекти во Белје;
  • Католичка црква во Охрид;
  • Бизнис хотел “Арка” во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
  • Станбени кули “Карпош 4” во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
  • Станбен блок “Карпош 4” во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
  • Реонски центар во Ново Лисиче во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
  • Станбени кули во Ново Лисиче во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
  • Поштенска штедилница во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска
Архитектонско-урбанистичко-решение-МНТ-конкурсен-труд

Архитектонско-урбанистичко-решение-МНТ-конкурсен-труд

Наградени конкурсни трудови:

Поголем дел од конкурсните трудови ги работи самостојно, а во останатите случаи се јавува како водител на тим на архитекти.

1965 год. Станбено деловен комплекс “Чешаљ” во Пирот, Србија и Црна Гора; – Прва награда

1965 год. Зградата на РТВ во Загреб, Хрватска- Трета награда

1967 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Филозофски, Економски и Правен факултет во Скопје; – Втора награда

1967 год. Хемиски институт на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје; – Трета награда

1968 год. Архитектонско урбанистичко решение на аголот на улиците “Масарикова” и “Кнез Милош” во Белград, Србија и Црна Гора;  – Прва награда

1968 год. Дом на техника, пионери и младина во Скопје; – Прва награда

1968 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за комплекс “Саем” во Скопје;- Втора награда, првата не е доделена

1968 год. Идејно архитектонско решение за оперско балетска зграда во Скопје;- Четврта награда

1969 год. Хотел “Де Лукс” во Скопје; – Прва награда

1975 год. Станбена населба – станови “Капиштец” во Скопје;- Прва награда

1980 год. Урбанистичко решение “Центар” во Ѓаковица- Прва награда

1981 год. Станбено деловен комплекс “Два брата” во Заечар, Србија и Црна Гора; – Прва награда

1985 год. Хотел “Паштрик” во Ѓаковица – Прва награда

1985 год. Станбена населба “Белка” во Кавадарци;- Прва награда

1985 год. Нов трговски центар во Кавадарци; – Втора награда

1989 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за улица “Максим Горки” во Скопје; – Втора награда

1990 год. Станбена населба “Железничка” во Ниш, Србија и Црна Гора;- Прва награда

1991 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за станбено деловен објект “Кеј” во Кралево, Србија и Црна Гора;- Втора награда

1995 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за хотел од висока “Б” категорија во Скопје;- Втора награда, првата не е доделена

1997 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за спортска сала Скопски Саем во Скопје;- Трета награда, првата и втората не се доделени

1999 год. Идејно решение за административно-деловен објект на АД “Македонски телекомуникации” во Скопје;- Втора награда, четири еднакво оценети труда, првата награда не е доделена

2000 год. Идејно решение за административно-деловен центар “Македонска пошта” во Скопје; – Прва награда

2000 год. Идејни архитектонски проекти за изградба на типски станови;- Прва награда за кули и блокови

Графика

Ф.К

Автор на статија:

| / / |