Бродови на суво / Танушевска, Стојановска

ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО

БРОДОВИ НА СУВО: ПУНКТУЕЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ПОКРАЈ РЕКАТА ВАРДАР ВО ПОДРАЧЈЕТО НА СКОПЈЕ

Автори: Моника Танушевска, Оливера Стојановска

Педагошки тим: проф. д-р Минас Бакалчев, доц. д-р Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски, Гордан Петров

локација: 30 км долж река Вардар, Скопје

Семестар: IX

Година: 2018

Бродовите на реката Вардар од СК 2014, не предизвикаа на нивната бесмисленост и противречност. Нивната несоодветност во мерилото и функцијата ги чинат примерите за лажната слика на архитектурата на консумација. Но дали реката Вардар, може да биде генератор на низа настани? Можат ли пунктуелни интервенции да бидат носители на дијалогот на реката, градот и околината? Дали токму “бродовите/монументи” како еден вид на “follies” во одреден ритам/интервал долж реката Вардар можат да бидат потенцијални формални и програмски пунктови во сложениот сооднос на реката и градот?

 

Сл, 1. Препознатливи структури на градот Скопје долж река Вардар

Овој проект ја поставува темата на линиска диструбуција на низа формални/ програмски пунктови долж реката Вардар. Овие интервенции имаат двојно значење, како во сооднос со непосредниот контекст, така и во сооднос со линеарното протегање на реката Вардар во урбаниот и руралниот континиум на градот Скопје. Драматичната архитектонска историја на градот произведе фрагментарна реалност на неговата фигура и текстура. Од радиоцентричната структура во првата половина на 20-от век, до изразита линеарна екстензија во втората половина на 20-от век, градот Скопје сé уште не може да воспостави препознатлива слика. На тој начин, текот на реката Вардар од сведок на различните фрагментирани допири со градот, може да биде линија на обединување, додека поединечните пунктови, инциденти, се места преку кои може да се развие сложениот сооднос на градот и реката.

Сл, 2. Избрани фрагменти од рурално-урбаниот континиум на 800 м

Предложените сегменти на реката Вардар, како локации подложени на реинтегрирање и реактивирање, создаваат ритам на нижење формални/програмски пакети на 800 метри, специфични по карактерот и идентитетот на избраните контексти.

Сл, 3. Варијации на форма и програма во сооднос со непосреден контекст

Особено се разгледува аспектот на живеење покрај река, пунктовите на населување и архитектурата како спој помеѓу природните екологии и човечките начини на живот.

Сл, 4. Конфигурации на модуларни единици

Предложениот систем на архитектонски елементи е концепт на отворена структура со безброј начини на полнење со модуларни единици, кој постојано се менува, комбинира и пермутира, во однос на различните места и настани.

Сл, 5. Силуети и пресеци за инеграција по должина и “длабочина” со градот

Сл, 6. Илустрација на атмосфери

Сл, 7. Типологија на структури за привремени уметнички настани, спорт и забава

Станбените структури вклучуваат флексибилно, модуларно домување и времено сместување, со заеднички социјални простори, визуелни вертикални контакти и живописни простори за живеење. Конструкцијата од вертикални и хоризонтални челични елементи, рампа, префабрукувани единици и заштитна обвивка, сепак овозможува јавен пристап до реката и соодветна употреба на технологија, материјали и градежни системи.

Сл, 8. Привремено транзитно сместување/Основа на приземје, прв, втор и трет кат

Сл, 9. Привремено транзитно сместување/Основа на четвртти, петти кат, кров и попречен пресек

Сл, 10. Привремено транзитно сместување/Основа на приземје, прв, карактеристичен кат, кров и подолжен пресек

Сл, 11. Колективно социјално станување/Основа на приземје и карактеристичен кат

Сл, 12. Структурален детал

 

Сл, 13. Визуелизација

Сл, 14. Скица на концепт

Сл, 15. Фотографија од модел

“Кога го преминав мостот, беше како да одите по огромна фотографија направена од челик, а под него реката беше како огромен филм што покажуваше бела слика” Роберт Смитсон, прошетка низ спомениците на Пајасак, Њу Џерси, 1967 година.

*текстот е приложен во оригиналната форма, доставена од авторите