Leave a comment...

„Cusp“ – новата скулптура на Елпида Хаџи-Василева

Автор: Елпида Хаџи-Василева

Архитект: Перо Бојков, Mk

Инжењери: Лидија Стојанова, Мики Панарин, Mk

Метална конструкција: HMS Engineering Uk

Дрвена конструкција: Rob Bradstock, Arthur de Mowbray, Peter Chamberlain, UK

Извори: авторот и Sculpture Trust

 

„Cusp“ е името на новото дело на македонскиот скулптор Елпида Хаџи-Василева кое ќе биде поставено во Forest of Dean Sculpture Trail во Глостершир, Англија. Изведбата на овој монумент се случува под покровителство на истоимената фондација во соработка со Forestry Commission England.

Интервенцијата е во висина од 10 метри, ќе биде изработена до пролетта 2018 година и поставена на местото на претходното дело од авторот Магдалена Јетелкова ( Столче) на врвот од кој се овозможува поглед  на долината .

 Магдалена Јетелкова ( Столче)

Скулптурата ги истакнува духовноста, културното наследство и пејсажот на шумата и нејзините жители, со што истата претставува пејсажна архитектура.  Асоцијативно скулптурата потсетува на  раширени кријла дефинирани од дрвените гранки  што укажува пак на симбиозата на флората и фауната, а човекот насреде ним како автор на оваа креација. Разбиеноста и прозорноста на делото, ќе произведе шум од ветерот кој би минувал низ неа.

„Cusp“ – модел

Кети Магер, проект менаџер на Forest of Dean Sculpture Trust, за новата скулптура вели дека Cusp е еден од најамбициозните „објекти“ некогаш иницирани за овој простор, која фондот и локалните луѓе ја прифатија како предизвик. Таа за нив ќе претставува нова икона на препознавање и идентификација со шумата на локалците и ќе овозможи одржување на едукативни работилници за сите заинтересирани групи во декадите кои доаѓаат. На ова авторот ќе додаде дека е екстремна возбудата да и биде доделена оваа чест, преку своето ново уметничко дело да го обликува овој простор. Во комуникација со локалните жители кои ќе учествуваат во изведбата на овој проект, Елпида посветила повеќе време што резултирало со успех.

Елпида Хаџи – Василева е родена во Кавадарци, 1971 година, денес живее во Брајтон, Велика Британија. Таа во својата кариера има изложено многупати во матичната земја но и интернационално во повеќе галерии, музеи и јавни простори. Во 2013 беше македонски претставник на Венецијанското биенале заедно со Ана Франговска како куратор на Националната Галерија на Македонија.

 

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.