Leave a comment...

“Desk to go” / Беатовиќ

Автор : Деа Беатовиќ
Контакт : dea.beatovikj@gmail.com
Портфолио : https://www.behance.net/DeaBeatovikj

Изработка: Дизајн Фантазија
Фотографија: Ана Малјановска

 

Барањето на темата беше да дизајнираме нешто што ќе им го олесни и подобри животот на номадите и имигрантите во светот.


Зашто дизајнирав биро , а не некој друг предмет?
Моето размислување се движеше во насока на тоа што им треба на современите номади  , а не им требало на номадите во минатото?


Поради интернет и современата технологија новите номади можат да работат во различни области како :новинари , графички дизајнери , писатели , програмери итн. Да учат или предаваат онлајн.
Што значи дека им треба работна површина на која би ги завршиле своите обврски , која може да се склопи и притоа да не зафаќа многу место и да може да се пренесува за што изработив ранец за транспорт.

Мојата цел беше да создадам производ што може лесно да се произведе,  транспортира и да се склопува и расклопува секојдневно без примена на метални спојки, а може да се користи како биро или како маса за ручек за двајца во домови со минимални димензии.

Ширината на работната површина е минимална , но на тоа се надокнадува со длабочината која наместо стандардните 60 cm e  79 cm што овозможува истовремено на поставување  лап топ/ компјутер и книги на иста површина.


Ф.К

 

Share This:

Коментарите се затворени.